Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот се регистрирани 10.907.792 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 521.163, а оздравеле 6.088.007 луѓе.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 28 нови случаи од COVID-19, со што бројот на заразени се зголеми на 3.458 лица.

-На Кипар од направени 1.019 тестови во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на COVID-19. Бројот на заразени остана ист, односно 999 лица.

– Здравствените власти во Словенија соопштија дека епидемиолошката слика во земјата загрижувачки се влошува, откако денеска беа потврдени 21 новозаразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Овие бројки се највисоки изминативе месеци и според епидемиолозите можат дополнително да растат и во следните денови. Денеска од направени над 1.000 тестирања. Епидемиологот Бојана Беовиќ, која е и раководител со Советот при Министерството за здравство кој се справува со последиците со COVID-19, смета дека најголем дел од новите случаи се увезени, но предупреди дека вирусот брзо се шири.

– Вирусот се шири во семејствата, во работните колективи, секаде каде што луѓето се групираат. Ова значи дека секој може секаде да се зарази што е многу загрижувачки, изјави Беовиќ.

Словенија поради зголемувањето на бројот новозаразени веќе врати дел од рестриктивните мерки, односно забрани собирање на луѓе во групи поголеми од 50 лица, а властите предупредија дека ако бројките продолжат да растат ќе бидат вратени и другите мерки за заштита.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени, на оздравени, но и на починати лица од COVID-19. Во изминатото деноноќие регистрирани се 82 позитивни случаи, што е една од највисоките бројки на новозаразени во едно деноноќие, од појавата на пандемијата, со што вкупниот број сега изнесува 2.662 лица. Во исто време излекувани се 44 лица или вкупно 1.559. 

Според статистиката, на која се повикуваат медиумите, последните десет дена од јуни забележан е највисок раст на новозаразени, починати и лица кои болнички се лекуваат. За десет дена, од 20 до 30 јуни, регистрирани се 644 новозаразени, десет лица починале, додека бројот на оние кои болнички се лекуваат е поголем за 16 пациенти.

– Во Косово вчера се регистрирани 113 новозаболени од COVID-19, а вкупно, од појавата на првите случаи, на почетокот на март годинава, има 2.991 заразен од новиот коронавирус. Бројот на заболени кои починале од појавата на пандемијата се искачи на 54. Во текот на вчерашниот ден се потврдија 67 излекувани, со што бројот на лица кои оздравеа достигна до 1.644. Активни носители на вирусот, според последниот официјален извештај, се 1.293 лица. Вчера се извршени 266, а од почетокот на пандемијата, вкупно 24.046 тестирања.

– Според најновите информации, во последните 24 часа уште 359 лица се заразени со коронавирус во Србија. Починале уште шест лица. На респиратори се 81 лице, а најмногу заразени има во Белград.

Од почетокот на епидемијата, од COVID-19 во Србија починале 287 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска е регистриран 81 новозаразен со коронавирусот, а двајца починале. Вкупно во Хрватска има 2.912 заразени, 2.155 закрепнале, a починале 110 луѓе.

– Во Бугарија во изминатото деноноќие се регистрирани 165 новозаразени, со што вкупниот број достигна 5.154. Досега починаa 232 лица, од кои двајца во изминатите 24 часа.

– Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 40 новозаразени лица со коронавирусот, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од 40 новозаразени, 21 биле контакти на претходно потврдени случаи, два случаи биле увезени, додека кај 17 пациенти се бара изворот на зараза. Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на јуни во Црна Гора е 292, има три смртни случаи, а бројот на активни случаи е 289.

– Бројот на смртни случаи од коронавирус во Англија, Велс и Северна Ирска денеска се зголеми за 44 на вкупно 30.870. Во Англија починаа 35 лица со што вкупниот број на смртни случаи во тој дел на Велика Британија достигна 28.794, објави Националната здравствена служба на Англија. Според службата за јавно здравје на Велс, осум лица починале од коронавирус во Велс, така што вкупниот број на смртни случаи е 1.524.Во Северна Ирска вкупниот број на смртни случаи достигна 552.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе