Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 12.048.280 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 548.776, а оздравеле 6.964.746 лица.

– Министерството за здравство на Кипар потврди три нови случаи на COVID-19 од направен 1.691 тест, а бројот на заболени се зголеми на 1.008 лица.

– Во последните 24 часа во Србија од новиот коронавирус се заразени уште 357 лица, а починале 11, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 341. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 17.076 заразени случаи. На респираторни машини се наоѓаат 118 пациенти.

– Во Хрватска во изминатите 24 часа се забележани уште 53 нови случаи на COVID-19, а едно лице почина. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во земјата, досега се инфицирани вкупно 3.325 луѓе, од кои 114 починале, а 2.277 оздравеле.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 33 нови случаи на COVID-19, од кои 21 случај е од тестовите направени на посетители во земјата. Вкупниот бројот на заразени се зголеми на 3.622 лица.

– Во Косово вчера се регистрирани 183 новозаболени од COVID-19, а вкупно, од појавата на првите случаи, на почетокот од март годинава, има 3.886 заразени од новиот коронавирус. Бројката на заболени кои починале од појавата на пандемијата се искачи на 82. Во текот на вчерашниот ден се потврдени 57 излекувани, со што бројката на оздравени достигна 2.003. Активни носители на вирусот се 1.801 лице. Вчера се извршени 365, а од почетокот на пандемијата вкупно 26.093 тестирања.

– Во Мексико во последните 24 часа починаа 895 луѓе, речиси двојно повеќе од вчера. Регистрирани се нови 6.258 случаи. Од COVID-19 досега во Мексико починале 32.014 луѓе, а во критична состојба се наоѓаат 378 пациенти.

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе