Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 18.546.712 лица. Од нив починале 699.835, а оздравеле 11.765.798 лица.

Во Косово во изминатите 24 часа, според официјалниот извештај на Институтот за јавно здравство (ИШКПК), починале 13 лица кои претходно биле дијагностификувани со COVID-19, со што вкупната бројка на жртви на пандемијата се искачи на 269, јави дописникот на МИА од Приштина.

Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.

Во соопштението на ИШКПК се наведува и дека, од вчера извршените 477 тестирања (вкупно 38.342 од појавата на заразата), позитивни на новиот коронавирус резултирале 225 лица.

Вкупно, од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 9.274 заразени. Како излекувани се водат 5.190 лица, од кои вчера 201.

Официјалната бројка на активни носители на новиот вирус во Косово изнесува 3.815.

Во Бугарија во изминатите 24 часа регистрирани се 214 новозаболени лица и 16 починати, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 404.

Во Романија во изминатото деноноќие потврдени се 1.232 случаи на COVID-19, со што вкупниот број на заразени се искачи на 55.241 луѓе. Од последици од новиот коронавирус починаа 48 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 2.480.

Во Хрватска во изминатите 24 часа потврдени се 24 нови случаи на COVID-19, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 647. Во истиот период едно лице почина, со што вкупниот број на смртни сличаи изнесува 154.

Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се уште 60 лица инфицирани со COVID-19, а едно лице почина. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 3.361 заболени, од кои 53 починале.

Во Србија за еден ден се регистрирани 287 новозаболени лица и седум смртни случаи од последици од новиот коронавирус. Според податоците на Министерството за здравство 143 луѓе се на респиратор.

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во таа земја се потврдени уште 4.767 случаи на заразени со новиот коронавирус и дека уште 266 лица починале како резултат на таа инфекција. Вкупниот број заразени лица во државата е 443.813, а вкупно 48.012 лица починаа од почетокот на епидемијата. Мексико е на шестото место во светот по бројот на заразени, а на третото место по бројот на смретни случаи од COVID-19.

Во Индија, потврдени се 52.050 случаи на COVID-19 во изминатите 24 часа, а како резултат на таа инфекција починале уште 803 лица. Шести ден Индија да пријави повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус. Во државата се заразени најмалку 1.855.745 луѓе и 38.938 смртни случаи се потврдени уште од почетокот на пандемијата. Во моментов, активни се 586.229 случаи на коронавирус, а според бројот на заразени, Индија е не третото место во светот.

Во Русија во изминатите 24 часа регистрирани се 5.159 нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 861.423 лица. Русија по бројот на заразени лица се наоѓа на четврото место во светот, по САД, Бразил и Индија. Во изминатото деноноќие починаа уште 144 лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 14.351.

Во Полска денеска се потврдени рекордни 680 позитивни случаи на новиот коронавирус на дневно ниво, а починаа шест лица. Од почетокот на епидемијата во земјата се заразени 48.149 лица и 1.736 смртни случаи.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе