Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.620.330 лица. Од нив починале 748.002, а оздравеле 13.519.612 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 11 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на COVID-19 достигна до 365. Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетес, кардиоваскуларни и други хронични болести. Во текот на вчерашниот ден, официјално се регистрирани 205 новозаболени од COVID-19, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 10.795 лица. Во истиот период се евидентирани и 163 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани како заразени и ја совладале болеста достигна до 6.411. Активни носители на вирусот во земјата се 4.019 лица. Вчера се извршени 520, а од почетокот на пандемијата, вкупно 42.136 тестирања.

– Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се 65 новозаболени лица и двајца починати од последици од новиот коронавирус. Новозаразените се помеѓу 460 анализирани примероци. Додека починатите се од Подгорица односно од Никшиќ.

– Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се 31 новозаболени со COVID-19. Досега дневниот пораст на новоинфицирани лица ретко кога надминуваше 20, па се проценува дека зголемувањето е поради враќањето на младите лица од одмор. Во Словенија вкупно инфицирани се 2.303 луѓе, од кои 129 починале, а во моментот 188 се активни случаи од кои 23 се хоспиталицирани, а само двајца се на интензивна нега.

– Бројот на нови случаи на COVID-19 во Грција од ден на ден се зголемува, за денеска да достигне до рекордни 262 новозаболени, додека пак починаа уште две лица. Од новите случаи, 22 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а 36 се во Дом за стари лица во Солун. Шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас итно замина за Солун за одблиску да ја види ситуацијата во Домот за стари лица. Тој истакна дека 33 случаи се кај лицата сместени во домот, а останатите тројца кај персоналот, додека пак вирусот го пренел вработен. Во однос на зголемениот број нови случаи во Солун и во Атина, Циодрас истакна дека голем процент од нив се од лица кои се вратиле од одмор или на Халкидики или на Кикладските Острови. Од почетокот на епидемијата во Грцја се регистрирани 6.177 случаи на COVID-19, а починаа 216 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти дека за еден ден се регистирани 14 нови случаи на COVID-19 од 3.775 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.291 лицe.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе