Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега има 6.766.214 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 395.141, а оздравеле 3.297.027 луѓе.

Тирана – Во Албанија, во изминатото деноноќие од направените 162 тестирања на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 15 лица, од нив 10 во Тирана. Вкупната бројка на заразени со COVID-19 во Албанија се зголеми на 1.212. Во последното деноноќие во списокот на оздравени се впишани уште 12 лица, или вкупно 910, додека починати се 33 лица. Активни на болеста се 269 лица, од кои 24 се на болничко лекување,од нив петмина на интензивна терапија, додека еден е поставен на респираторна машина.

Приштина – Во Косово вчера беа потврдени петмина новозаразени и тројца излекувани, а немаше ниту еден случај на починат од COVID-19. Според овие последни официјални информации, во земјата досега, од појавата на пандемијата, имало 1.147 заразени, од кои 874 се излекувани, а бројката на починати веќе десетина дена останува на 30. Сите жртви на епидемијата, како што се наведува во известувањата на косовските здравствени власти, страдале и од други тешки болести. Според овие податоци, во Косово активни носители на коронавирусот се 243 лица. Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово вчера се испитани примероците на 294 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а од почетокот на пандемијата вкупно се извршени 15.880 тестирања.

Загреб – Во последните 24 часа во Хрватска не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот, болеста моментално е активна кај 31 лице, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Преторија – Во Африка со коронавирусот се заразени повеќе од 168.000 луѓе, што е околу 6.000 повеќе од вчера. Од COVID-19 во Африка досега починале 4.700 луѓе.

Москва – Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Русија е зголемен за 8.726 на 449.834 во изминатите 24 часа, соопшти кризниот центар задолжен за сузбивање на вирусот. Русија по број на заразени е на трето место во светот, после САД и Бразил.

Кејп Таун – Во Јужна Африка во изминатите 24 часа пријавени се 3.276 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата во таа земја.

Њу Делхи – Во Индија во изминатите 24 часа потврдени се уште 9.851 случај на коронавирусот, што е рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број на заразени достигна 226.770, а бројот на починати 6.348.

Лима – Од коронавирусот во Перу починале вкупно 5.031луѓе. Вкупниот број на заразени со коронавирусот се зголеми на 183.198, што е за 4.284 повеќе од претходниот ден.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе