Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 31.628.296 лицa. Од нив починале 971.782 пациенти, а оздравеле 23.224.523 луѓе.

– Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 200.000, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс. На веб-страницата на универзитетот се наведува дека досега во САД починале 200.005 луѓе, осум месеци од почетокот на епидемијата. Првиот случај на коронавирус во САД бил пријавен кај пациент во државата Вашингтон на 20 јануари, а четири месеци подоцна, на 27 мај, бројот на смртни случаи надмина 100.000, пренесува ABC. 

– Во Косово во последните 24 часа се забележани 66 новозаразени, со што бројката на носители на вирусот достигна до 15.208. Истовремено се регистрирани и 141 излекуван, така што вкупната бројка на лица кои ја совладале болеста изнесува 12.815. Денеска нема починат како последица на пандемијата, односно бројката на жртви на заразата остана 615. Активни носители на вирусот во земјата се 1.778 лица.

– Во Велика Британија, во последните 24 часа се потврдени уште 4.926 случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи во еден ден од почетокот на мај. Во исто време, потврдени се 37 смртни случаи, што е за 11 повеќе од претходниот ден, пренесува Guardian.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 296 новозаразени со коронавирус и осум смртни случаи, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Анализирани биле 749 примероци со сомневање за коронавирус, што значи дека се заразени повеќе од две третини од испитаните лица. Најмногу нови случаи се од Подгорица 82 и Никшиќ 79.

– Според официјалните податоци, од последниот пресек во Словенија се регистрирани 88 заразени лица.
71 пациент е хоспитализиран, а 13 пациенти сè уште се на интензивна нега, јави агенцијата СТА.
Досега се тестирани 203.674 граѓани на Словенија, а вкупниот број на заболени е 4.558.
Од почетокот на пандемијата, 142 лица заразени со коронавирус починале.

– Во Индија се регистрирани 75.083 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најмал број на новозаразени во скоро еден месец. За еден ден од COVID-19 починале 1.053 лица. Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 5,6 милиони случаи на коронавирус во Индија, што ја прави втора најпогодена земја во светот по САД.

– Во Грција денеска се регистрирани 346 нови случаи и осуммина починати од COVID-19. Од вкуѕпниот број 210 се во поширокиот регион на Атика. Од почетокот на еппидемијата има 15,926 заразени и 352 смртни случаи.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 15 нови случаи на COVID-19, од направени 2.709 тестови, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.618 лица.

– Во Бугарија се регистрирани 151 нов случај на коронавирус, над 100 повеќе од претходниот ден, а вкупниот број на заразени надмина 19.000, соопшти Министерството за здравство. Четворица пациенти починале во последните 24 часа, а 765 од почетокот на пандемијата. Во исто време, повеќе од илјада лекари биле заразени со коронавирусот.

– Русија денеска регистрираше 6.215 нови случаи на коронавирус, најмногу од 18 јули, а 160 лица починаа. Бројот на смртни случаи е повторно на ниво на крајот на јули. Во истиот период, оздравеле нешто помалку од 6.000 луѓе, пренесува ТASS. Од почетокот на пандемијата, 1,1 милиони луѓе биле заразени, а повеќе од 19 000 починале.

– Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 144 нови случаи на вирусот Sars-CоV-2 и два смртни случаи. Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 1.894, објави Штабот за цивилна заштита.
Од нив, 278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Од 25 февруари годинава, кога во Хрватска беше регистриран првиот случај на зараза, до денеска вкупно 15.136 лица се заразиле со новиот коронавирус, од кои 255 починаа а 12.987 лица оздравеле.  До денеска се тестирани вкупно 267.297 лица.

– Во Индонезија денеска беа регистрирани 4.071 случај на коронавирус, 160 лица починаа, што е најголем број на смртни случаи за еден ден. Од почетокот на пандемијата починале 9.387 лица. Во оваа земја досега се заразени скоро 253 000 луѓе. 

Тагови
реклама

Свет

Кадиров: Макрон да престане со напади врз верата

Read more

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Read more

Рекорден број починати од COVID-19 во Русија

Read more

Продолжуваат протестите во Полска поради законот за абортус

Read more

Вести

Филипче: Полициски час не е трајно решение, мора да се почитуваат мерките за заштита

Читај повеќе

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“

Читај повеќе

Јовески: Се истражуваат и други недвижности за случајот „Плацеви на Водно”

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 628 новозаразени и нови 15 починати

Читај повеќе

Владата ја одржа 16-тата седница

Читај повеќе

Премиерот Заев негативен на COVID-19

Читај повеќе

Одобрена набавката на лекот ремдесивир прифатен во терапијата за COVID-19

Читај повеќе

Кадиров: Макрон да престане со напади врз верата

Читај повеќе

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Читај повеќе