Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 31.891.188 лицe. Од нив починале 977.427 пациенти, а оздравеле 23.487.411 луѓе.

– Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 358 новозаразени, десет повеќе од вчера. Во тој период има и пе смртни случаи. Вкупно има 16.286 случаи на заразени и 357 починати од почетокот на епидемијата

-Во изминатите 24 часа во Албанија регистрирани 121 новозаразени со COVID-19, оздравени се 97, а починале три лица. По повеќе од два месеца ова е прва бројка пониска од 150 новозаразени

-Во Косово во последните 24 часа е забележана една нова жртва на коронавирусот, така што бројката на заразени од COVID-19 кои го загубиле животот од почетокот на пандемијата сега изнесува 616. Минатото деноноќие се регистрирани 62 новозаразени, со што бројката на носители на вирусот достигна до 15.270 од вкупно 63.638 тестирани (528 во текот на вчерашниот ден). Вклучително вчерашните 85, излекувани од COVID-19 досега резултираa 12.900 лица. Активни носители на вирусот во земјата се 1.754 лица.

 Епидемијата на коронавирусот се шири во Франција. За 24 часа се откриени 10.008 нови случаи во изминатите 24 часа, објави Јавното здравство на Франција. Ден претходно биле откриени 5.298 случаи. Стапката на позитивност сега изнесува 6,1 отсто и скоро целата француска територија е во состојба на умерена или голема ранливост. За 24 часа од COVID-19 во Франција починаа  68 лица, со што вкупниот број достигна 31.416 жртви. Бројот на пациенти кои влегуваат на интензивна нега се зголеми дополнително, со нови 651 хоспитализиран пациент во последните 7 дена, или 13 повеќе за 24 часа.

- Во Бразил, во последните 24 часа се пријавени 33.536 нови случаи на коронавирус, а други 836 лица починаа, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупно над 4,59 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Бразил, додека досега починале 138.108 лица. Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со вирусот по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

– Во последните 24 часа во Германија се потврдени 1.769 нови случаи на коронавирус, а 13 лица починаа, објави Институтот Роберт Кох. Ова е втор ден по ред како бројот на нови инфекции се движи околу 1.800. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата сега е 275.927, а починале 9.409 лица. Речиси 20.000 случаи се моментално активни во земјата.

– Во Мексико, во последните 24 часа се потврдени 4.683 нови случаи на коронавирус, а починале 651 лице, соопшти Министерството за здравство. Како резултат, вкупниот број на заразени лица се искачи на 705.263, а вкупно починаа 74.348 лица.

– Во Кина се регистрирани 10 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е мало зголемување од претходниот ден кога имало шест, а сите нови случаи се увезени, соопшти Националната здравствена комисија. Бројот на асимптоматски случаи кои не се вклучени во официјалната статистика, исто така, се искачи од 15 на 18. Од почетокот на епидемијата во Кина, регистрирани се вкупно 85.307 случаи на заболени, а починале 4.634 лица.

– Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Јужна Кореја денес повторно надмина 100, по три последователни дена со двоцифрено дневно зголемување. Во последните 24 часа во таа земја беа потврдени 110 нови случаи, од кои само еден е увезен. Од почетокот на епидемијата, во Јужна Кореја се пријавени 23.216 случаи на коронавирус, а починале 388 лица.

– Во Индија  по вчерашниот пад, повторно беше регистриран пораст на бројот на новозаболени лица, откако беа потврдени 83.347 нови случаи. Регистрирани се 1.085 смртни случаи. Со вкупно 5,6 милиони заразени, Индија е на второ место по САД, а досега починаа повеќе од 90.000 луѓе.

– Во Чешка се регистрирани 2.394 нови случаи на коронавирус, што претставува втор највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, според Министерството за здравство. Во септември, бројот на нови случаи во Чешка се удвои и земјата ја забележа втората најбрза стапка на инфекција во Европа. Досега се заразени над 53.000 луѓе. Властите, во меѓувреме, повторно воведоа некои ограничувачки мерки, како што се задолжително носење маски и ограничувања во работењето на ресторанот.

– Во последните 24 часа, во Израел се потврдени 6.861 нови случаи на коронавирус, што е рекордно зголемување, што доаѓа во време кога владата се подготвува да воведе построги ограничувања. За време на вторите мерки, присуството на молитви и протести ќе биде ограничено низ целата земја, а работното време во јавниот и приватниот сектор ќе биде скратено. Во Израел беше воведена блокада во петокот за да се спречи ширењето на коронавирусот, но тамошните експерти велат дека ограничувањата имаат премногу исклучоци за да успеат.

– Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 204 нови случаи на инфекција со вирусот и двајца починати пациенти, објави денеска Хрватскиот институт за јавно здравје. Вкупно 1.268 се активни, од кои 278 пациенти се во болница, а 27 на респиратор. Заклучно со 25 февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 15.340 лица заразени со новиот вирус  од кои 257 починале. Во моментов има само 3.314 лица во самоизолација.

– 6.431 нов случај на коронавирус е потврден во Русија претходниот ден, најмногу од 13 јули, соопштија властите. Во истиот период починаа 150 лица, а 5.750 се опоравија.

Од почетокот на епидемијата во Русија, регистрирани се 1,12 милиони заразени луѓе, а починале 19.799 лица.

– Во последните 24 часа, во Австрија се регистрирани 681 нов случај на инфекција со коронавирус. Во споредба со бројот на минатата среда, тоа е намалување за околу 100, но во исто време има зголемување на бројот на хоспитализирани и починати. Бројот на хоспитализирани пациенти се зголеми за 23 на 413, од кои 77 се на интензивна нега. Исто така, бројот на смртни случаи се зголемил во последните 24 часа за шест, така што вкупниот број достигна 777.

– Во последните 24 часа, потврдени се нови 136 случаи на коронавирус во Словенија, што е втор најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата. Уште едно лице почина во изминатите 24 часа.Во Словенија моментално има 1.383 активни случаи. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.694 лица, од кои 143 починале.

– Во последните 24 часа, потврдени се 109 нови случаи на коронавирус во Бугарија, врз основа на 3.049 тестирани примероци, објавено е на официјалниот портал за следење на епидемијата. Две лица починаа од последниот пресек на ситуацијата. Во Бугарија во моментов има активни 4.608 случаи. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 19.123 случаи на коронавирус, а 767 лица починале.

– Во Унгарија, во последните 24 часа беа потврдени 951 нов случај на коронавирус, а осум лица починаа, објавено е на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во моментов во Унгарија има 15.104 активни случаи. Досега во земјата биле заразени 20.450 лица, а 702 починале.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе