Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 32.209.019 лицa. Од нив починале 983.767 пациенти, а оздравеле 23.752.955 луѓе.

– Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на COVID-19, а починаа девет лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 16.627, а починаа 366 лица.

– За првпат по еден подолг период,во последното деноноќие во Албанија нема починати лица од COVID-19. Новозаразени се 134, додека оздравеле 100 лица. Од почетокот на пандемијата досега направени се 83.103 тестови, вкучувајќи ги и последните 852. Позитивен резултат е добиен кај 12.921 лице, во списокот на оздравени се впишани 7.239, починале 370, дедека активни на болеста се 5.312 лица од нив во двете ковид болници се хоспитализирани 186 пациенти.

-Во Косово во изминатите 24 часа немаше ниеден починат како последица на COVID-19, така што бројот на жртви на пандемијата остана 616. Од вчера извршените 592 тестирања (64.320 од појавата на заразата), како носители на коронавирусот резултирале 63 лица, со што бројката на заболени од почетокот на пандемијата достигна до 15.333. Вклучително вчерашните 87 излекувани, бројката на лица кои ја совладале болеста се искачи на 12.987. Активни носители на вирусот моментно се 1.730 лица.

– Во последните 24 часа во Италија биле тестирани 103.696 граѓани, а биле регистрирани 1.640 заразени лица. Од последниот пресек, уште 20 лица починаа како резултат на инфекција со новиот коронавирус. Со вкупно 35.758 смртни случаи, Италија е на второто место во Европа по бројот на жртви веднаш по Велика Британија. Италија значително го зголеми бројот на тестови во последните шест месеци, па затоа во моментов се тестираат 100.000 граѓани на ден.

– Во изминатите 24 часа, во Бразил се регистрирани 33.281 нови случаи и 869 лица починати. Според Министерството, вкупно повеќе од 4,6 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Бразил, додека досега починале 138.977 лица. Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со вирусот по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

– Индија денеска пријави нови 86.508 нови случаи на заразени, а вкупниот број надмина 5,7 милиони. Индија е на второ место во светот по бројот на потврдени случаи на COVID-19, по САД. Индиското Министерство за здравство објави дека уште 1.129 лица починале од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 91.149. Индија е на трето место во светот според бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.

– Според денешните податоци на институтот Роберт Кох, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.143 на 278.070. Уште 19 лица починаа од вирусот, а од почетокот на пандемијата починаа 9.428 лица.

– Во последните 24 часа, потврдени се нови 6.595 случаи на коронавирус во Русија, што е најголемо дневно зголемување од 12 јули, објави Кризниот штаб. Вкупниот број на заразени сега е 1.128.836, а Русија е четврта во светот според бројот на потврдени случаи. Од последниот извештај, други 149 лица починаа, со што вкупниот број на жртви достигна 19.948 лица.

– Во последните 24 часа во Унгарија се потврдени 750 нови случаи на коронавирус, а седум лица починаа, објавено е на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во таа земја во моментов има 15.673 активни случаи. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 21.200 лица, од кои 709 починале.

– Во изминатите 24 часа, во Бугарија се регистрирани 160 нови случаи на COVID-19, 51 повеќе од претходниот ден, а уште 12 лица починаа, соопштија бугарските здравствени власти. Вкупниот број на случаи во Бугарија достигна 19.283, а досега се опоравиле 13.867 пациенти, додека во моментов во болница се 726 лица, од кои 29 се на интензивна нега.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 232 новозаболени лица и четири смрни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Тестирани беа 5.351 лице. Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 1.200. Меѓу нив, 266 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.  Од почетокот на епидемијата во Хрватска, заразени се 15.572 лица, од кои 261 починаа.

– Во последните 24 часа беа потврдени 122 нови случаи на коронавирус во Словенија, врз основа на 2.848 тестирани примероци, објавено е на владината веб-страница за спречување на епидемијата. Двајца други пациенти починале претходниот ден.Од почетокот на епидемијата во Словенија, вкупно се заразени 4.816 лица, од кои 145 починаа.

– Во Полска се потврдени 1.136 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Вкупно 82.809 случаи на коронавирус се потврдени во Полска, а 2.369 лица починале како резултат на инфекцијата.

– Втор ден по ред има најголемо дневно зголемување на бројот на новоинфицирани со вирусот во Словачка. Во претходните 24 часа беа регистрирани 360 нови случаи во таа земја. Вкупниот број на заразени во Словачка на тој начин се искачи на 7.629, а беа забележани 41 смртни случаи, што е една од најниските стапки на смртност во светот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе