Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на COVID-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица.

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови случаи на инфекција со коронавирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Од последниот пресек, умреле уште 17 пациенти, а досега се вкупно заразени 287.421 лице, од кои умреле речиси 9.500 лица.

Украина денеска пријави уште 4.027 нови случаи на коронавирус, што е најголем раст на нови случаи за еден ден од 26 септември, кога беа регистрирани 3.833 нови случаи. Според официјалните податоци, во земјата се заразени вкупно 208.959 лица, а умреле 4.129, пренесуваат британските медиуми. Поради зголемениот дневен раст на заразени во текот на септември, што е поголем од 3.000, властите одлучија да ги продолжат мерките за карантин до крајот на октомври.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 213 нови случаи на инфекција со коронавирус, а има и 5 умрени лица, додека бројот на активни случаи е 1.256, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари во Хрватска се регистрирани 16.593 лица со коронавирус, од кои 280 починале.

Нов рекорден број на пациенти за еден ден е забележан и во Словенија, откако 203 лица се покажаа позитивни на тестирањата за коронавирус, додека 1 лице умрело, соопштија здравствените власти. Во Словенија досега се заразени вкупно 5.690 лица, а умреле 150.

Од 842 тестови извршени во последните 24 часа во Албанија COVID-19 е дијагностициран кај 131 лице. Истовремено умреле уште 3 пациенти. Од почетокот на пандемијата, извршени се 88.040 тестови, добиен е позитивен резултат кај 13.649, а умреле 387.

Втор ден по ред на Косово не се регистрирани жртви на COVID-19, така што бројот на смртни случаи од коронавирус останува 625. Минатиот месец беа потврдени 46 нови инфекции и 62 лекувања, а од избувнувањето на пандемијата, имало 15.620 лица со утврден вирус, од кои 13.554 го преживеале заболувањето.

Во Грција се регистрирани 354 нови случаи на COVID-19 и 3 смртни случаи од коронавирусот. Бројот на заразени се зголеми на 18.475, а на починати на 391 лице.

Министерството за здравство на Кипар соопшти 12 нови случаи на COVID-19, вкупно 1.755 од почетокот на епидемијата.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе