Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

МИА / КАЈГАНА
/ 26.10.2020 / 20:55

Бројот на лица излекувани од COVID-19 во светот надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата Worldometers.

Досега, 32001.313 пациенти биле излекувани од коронавирус во светот, односно 96 проценти од 43.520.941 од сите евидентирани случаи. Од последиците на COVID-19 досега починале 1.161.360 лица, што е четири проценти од вкупниот број пациенти.

Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

Обединетото Кралство денеска регистрира 20.890 нови случаи на коронавирус и 102 смртни случаи, покажуваат официјалните податоци. Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчера, кога изнесуваше 19.790, најмалку во изминатите шест дена, додека бројот на смртни случаи падна од 151, колку што изнесуваше претходниот ден. Во меѓувреме, британската Влада денеска одлучи Нотингем и некои соседни градови во Централна Англија од четврток да ги стави во највисоко ниво на тревога поради COVID-19.

– Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрира 63.195 нови случаи на коронавирус и 380 смртни случаи од COVID-19. Вкупниот број на заразени во САД достигна 8.617.022. Според ЦДЦ, вкупниот број на починати од COVID-19 се искачи на 224.601.

– Бројот на заразени со коронавирусот во Финска е зголемен за 122 на 14.970, објави денеска Финскиот национален институт за здравство и социјален развој и предупреди дека епидемиолошката состојба во земјата се влошува. Досега во Финска од COVID-19 починале 353 лица. Откако им забрани влез на странските државјани во земјата помеѓу 19 март и 13 мај, Финска на 19 септември ги отвори своите граници. Властите тогаш рекоа дека луѓето кои доаѓаат од земји каде што бројот на заразени на 100.000 жители е 125 во текот на претходните две недели не мора да одат во карантин по пристигнувањето во Финска. Од 1 октомври, граѓаните кои доаѓаат од земји со повеќе од 125 заразени на 100.000 жители ќе можат да влезат во Финска без карантин само со два негативни теста за коронавирусот - едниот направен пред поаѓање на пат, а другиот направен по пристигнувањето во земјата.

– Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени нови 1.113 случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 24.063, од кои 15.230 се активни. Бројот на пациенти во болниците продолжува да се зголемува, каде престојуваат 523 пациенти, од кои 82 се на интензивна нега, а бројот на смртни случаи од COVID-19 се зголеми на 248. Министерот за здравство Томаж Гантар синоќа издаде уредба со која за 14 дена се суспендираат сите здравствени услуги кои не се итни, вклучително и превентивни здравствени програми, со цел да им се даде приоритет на пациентите со Ковид. Тој најави дека во иднина приватниот здравствен сектор со концесија, лекари-специјализанти и специјалисти ќе можат да се приклучат на работата во болниците.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе