Дневен преглед за состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.637.367 лица. Од нив починале 349.290, а оздравеле 2.404.451.

– Во Србија во последните 24 часа нема смртни случаи како резултат на коронавирусот, објавенo е на веб-страницата на српското Министерство за здравство. Бројот на жртви од почетокот на епидемијата е 239. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.427 лица се тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 34 од нив.

– Откако во неделата, на 24 мај, првпат од 13 март, кога се појавија првите заразени од новиот коронавирус во Косово немаше ниту еден нов случај, вчерашните тестирања потврдија шестмина новозаразени, со што бројот на досега заболени од COVID-19 достигна до 1.038. Институтот за јавно здравство на Косово, во својот последен извештај за состојбата со пандемијата, објави дека во земјата во понеделникот е извршено тестирање на 243 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заболени, со што вкупната бројка на извршени тестови достигна до 13.505. Вчера се регистрирани и два нови случаи на лица кои се излекувани откако претходно резултирале позитивни на новиот вирус, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 791. Вкупно досега во Косово починале 30 заболени од COVID-19, со тоа што сите страдале од други хронични болести.

– Во последното деноноќие во Албанија, по неколкудневни едноцифрени бројки, регистрирани се 25 новозаразени. Од нив 24 се во Тирана, од кои, пак, 15 се вработени во кол центар, каде пред два дена е регистран првиот позитивен случај. Оздравени се уште осум лица или вкупно 803, односно 78 отсто од вкупно дијагностицирани 1.029 лица. Во исто време, како последица од болеста почина 69- годишен пациент од Тирана, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 33. Активни на болеста се 193 лица, од нив болнички се лекуваат 17 пациенти, а тројца се на интензивна терапија.

– Во Грција денеска беа соопштени десет нови позитивни случаи на COVID-19 и еден смртен случај. Вкупниот број на заразени се зголеми на 2.892 лица, а на починати на 173 лица. Хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез од денеска е во карантин во следните 15 дена, откако беа потврдени три нови случаи.

– Од направени 2.214 анализи, во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани само два нови случаи на COVID-19. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 939 лица.

– Во Австрија продолжува да опаѓа бројот на хоспитализирани лица со COVID-19, но и бројот на активно болни. Во болниците во Австрија моментално има 127 пациенти заразени со новиот коронавирус, 12 помалку од вчера, од кои 32 се на интензивна нега. Бројот на активно заболени падна за 28, на 651, а бројот на починати се зголеми за двајца, на 643.

– Шпанската Влада денеска донесе одлука за 10-дневна жалост за починатите од COVID-19, што е најдолгиот официјален период на жалост во последните 40 години. За време на деновите на жалост, што ќе започнат во среда, знамињата на повеќе од 14.000 институции и бродови ќе бидат на половина копје. Како што се наведува во владиното соопштение, кралот Филип ќе претседава со комеморацијата, откако земјата ќе излезе од карантинот воведен пред два и пол месеци.
Во Шпанија се пријавени 28.752 смртни случаи од коронавирус и 235.772 заразени.

– Велика Британија во моментов има највисока стапка на смртност од COVID-19, која изминатата недела е повисока отколку во Франција и Италија заедно, пренесува Independent. Во последните 24 часа во Велика Британија уште 118 луѓе починале како последица на коронавирус, со што вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 36.793 лица.

– На второ место во однос на стапката на смртност во последните седум дена е Шведска.

– Најголем број смртни случаи од COVID-19 во светот е регистриран во САД – 99.805 лица.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе