Дневниците на Ајнштајн откриваат дека бил расист

Дневниците на Алберт Ајнштајн што неодамна за прв пат беа објавени откриваат дека познатиот научник некогаш имал расистички и ксенофобични ставови.

Напишани во периодот од октомври, 1922 до март, 1923 година, дневниците нудат хронолошки приказ на неговите патувања во Азија и Блискиот Исток.

Во нив тој прави радикални и негативни генерализирања, како на пример дека Кинезите се „трудољубиви, валкани, глупави луѓе“.

Дневниците на Ајнштајн „ The Travel Diaries of Albert Einstein: The Far East, Palestine, and Spain, 1922-1923“ за прв пат се објавени самостојно на англиски јазик преку издавачката куќа Princeton University Press.

Физичарот го опишува пристигнувањето на пристаништето во Египет кога почнале да доаѓаат „Левантијци од сите бои... небаре искокаа од пеколот“, додека за луѓето во Цејлон пишува дека „живеат во страшна нечистотија, на земја, малку работат и малку им треба“.

Меѓутоа, најголемите расистички навреди физичарот ги упатува кон киинескиот народ.

Тој за децата од Кина вели дека се „бездушни и тупави“ и вели дека е „штета што Кинезите се побројни од другите раси“.

Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955), познат како брилијантен научник и хуманитарец, емигрирал во САД во 1933 година по подемот на Адолф Хитлер и Нацистичката партија.

Еврејскиот научник во говор на Универзитетот Линколн во Пенсилванија во 1946 година, рече дека расизмот е „болест на белците“.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе