До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници

До 15 јануари сите правни и физички лица кои минатата година имале промет под два милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, ќе имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, а оние кои имале промет над два милиони денари, а не се регистрирани, ќе мора да се регистрираат. Ова го налага новиот праг за ДДВ обврзници што почна да важи од 1 јануари.

Прагот за ДДВ обврзник беше зголемен од еден на два милиони денари кон крајот на минатата година со цел да се намали административниот товар за граѓаните и фирмите.  

– Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност, информираат од Министерството за финансии.

Пријавите за регистрација може да се дости по пошта или лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи според седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник. Пријавите може да се достават и електронски на http://etax.ujp.gov.mk .

Направен е и прирачник преку кој граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат за новиот праг и кој има или нема обврска како ДДВ обврзник. Прирачникот може да се најде на веб-страната на Министерството за финансии.

Прагот за ДДВ обврзник беше променет кон крајот на минатата година. Тогаш министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека анализата на Министерството за финансии покажала оти даночната администрација троши повеќе време за малите ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. 

Со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе