До 31 март скопјани можат да склучуваат договори за отплата на долгови за вода на рати и без камати

Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов.

– ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и истата завршува до крајот на оваа недела, односно заклучно до 31 март 2023. Ги повикуваме сите корисници што имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, информираат денеска од Јавното претпријатие.

Оттаму појаснуваат дека Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје граѓаните можат да го контактираат Јавното претпријатие на телефонот 02 3073 010 - Дежурно Информативен Центар, 02 3240 300 - Дирекција, како и на електронската пошта kontakt@vodovod-skopje.com.mk, на веб-страницата на препријатието www.vodovod-skopje.com.mk, како и на фејсбук-профилот www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Македонија

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Read more

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more
benzinska.jpg

Горивата поскапуваат од полноќ

Read more
 

Вести

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Читај повеќе

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе