До крајот на 2026 година автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен, ветува Николоски

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно функционален до крајот на 2026 година, уверува министерот за транспорт и врски Александар Николоски и најавува негово откочување. Крајот на 2026 година е рокот кој го утврди техничката Влада на чело со Талат Џафери откога меѓународни експерти ја советуваа Владата дека договорот со изведувачот „Синохидро“, кои веќе десет години го градат патот, не треба да се раскине под услов ниту Владата ниту компанија да не бараат отштета. Министерот Николоски вели дека автопатот Охрид – Кичево има многубројни проблеми на чие откривање тие работат во моментов.

„Дел се поврзани со експропријација дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти кои се на самата траса, пред се бензински пумпи кои треба да се дислоцираат, а се на самата траса. Она што можам да кажам е: како ќе правиме- ќе правиме, ветувањето кое го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат, тоа што го напишавме во нашата програма, ќе го реализираме и до крај на 2026 година Охрид – Кичево ќе биде завршен“, рече министерот Николоски пред почетокот на денешната трибина „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво“, организирана по повод одбележување 75 години постоење на Градежниот факултет.

Место четири години, колку што првично беше предвидено, автопатот Кичево – Охрид се гради десет години. Последното продолжување на рокот за негово завршување од март годинава беше поради појавата на 13 свлечишта. Токму проблемите кои се појавија на трасата на овој автопат, деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека треба да бидат поука дека посебно внимание треба да се посвети на проектирањето.

„Наравоучение од она што се случува со автопатот Кичево – Охрид е тоа дека проектирањето на вакви сериозни инфраструктурно проекти, особено линиски, заслужува многу поголемо внимание, многу подолг период на проектирање, за што поподготвено да се влезе во фаза на изработка на проекти. Има таму многу елементи кои се специфични од различни аспекти меѓутоа генерален заклучок може да се произнесе дека проектирањето е исто така многу важна фаза во целокупната изградба на вакви капитални инвестиции. Проектот има долга историја. Работен е во едно друго време. Почнато е проектирањето во минатиот милениум, 1999 година со некои други сфаќања и други правила во решавање на  одредени технички проблеми. Кога денес би се проектирал овој автопат сигурно би се пристапило поинаку и би се нашле поинакви решенија за одредени проблеми кои сега се јавуваат“, рече деканот Марковски.

Вина кај проектантите за одолговлекувањето на изградбата на патот Кичево – Охрид посочуваше и експремиерот Димитар Ковачевски. Ги спореди со сметководители и кажа дека проектанти со свлечишта се исти како сметководители со погрешни завршни сметки, но освен во неколку изјави, на друг начин не побара одговорност ниту од проектантите ниту од изведувачот. Ковачевски неколкупати најави и можно раскинување на договорот со „Синохидро“, но експертите советуваа дека треба да им се дозволи да го довршат започнатото.

Автопатот Кичево – Охрид почна да се гради во 2014 година, а трошокот за негова изградба надмина половина милијарда. Долг е 57 километри. Првично требаше да биде завршен до 2018 година. Кога стана извесно дека нема да се изгради во предвидениот рок, изградбата беше пролонгирана до 30 јуни 2021 година, потоа до 31 декември 2023 година, а свлечиштата кои се појавија ја пролонгираа изградбата до крајот на 2026 година.

реклама

Македонија

100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците во Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места

Read more

Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Read more

Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства на жртвите од Кочани

Read more

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири

Read more
 

Вести

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Читај повеќе

100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците во Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места

Читај повеќе

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Читај повеќе

Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Читај повеќе

Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства на жртвите од Кочани

Читај повеќе

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири

Читај повеќе

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Читај повеќе

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега

Читај повеќе