До последниот преживеан: Милионер сака да направи реална игра Last Man Standing на приватен остров

Приватен остров, сто луѓе, муниција и солиден џекпот – тоа е сѐ што е потребно да се претвори сценарио од видеоигра во реалност. Само еден ќе преживее (секако, не буквално), а главната награда вреди за ризикот. Дали би се осмелиле да играте?

Анонимен милионер сака на остров да направи арена за борба во стилот на видеоиграта Last Man Standing и бара луѓе со авантуристички дух за да го оствари тоа. Поентата на играта е да ги „ликвидирате“ другите учесници и да останете единствениот победник.

Според огласот објавен на HushHush.com, луксузен онлајн пазар за мегабогатите, милионерот бара 100 луѓе кои ќе се борат за главната награда од 100.000 фунти на тридневниот настан.

Играчите ќе бидат опремени со Airsoft пушки (еден вид воздушни пушки), муниција и систем чувствителен на допир за да се осигураат дека играта ќе биде безбедна и фер.

Овој „лов на луѓе“ ќе се одвива по 12 часа на ден во текот на три дена. На организаторите најважна им е безбедноста и ветуваат дека ќе обезбедат храна и секаква потребна опрема, вклучувајќи и кампинг зона.

Покрај доброволци, организаторите бараат и дизајнери кои ќе ја направат арената.

„Овој вид видеоигри станаа многу популарни во изминативе неколку години и нашиот клиент е огромен обожавател кој сака да ја претвориме играта во реалност, на најбезбеден можен начин. Ако шампионатот се покаже како успешен годинава, би сакале да прерасне во настан што ќе се одржува еднаш годишно, што е многу возбудливо“, вели Арон Харпин, основач на HushHush.

„Ако сте обожавател на игри од типот ‘до последниот преживеан’, ова е одлична можност за ункатно доживување во кое може да освоите многу пари. Пред сѐ бараме талентирани дизајнери кои ќе направат сет во кој играта ќе биде уште пореална.“

Крајниот рок за пријавување е  22 април, а апликациите може да се пратат на ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар

Read more

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Read more

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Read more

Поглед во луксузниот дом на Џенифер Лоренс, вреден 10 милиони долари

Read more

Чек дис аут

Петгодишно момче пливаше со најголемата ајкула во светот

Read more

Автомобил од буквално 1 коњска сила

Read more

Пред и потоа: Прекрасни трансформации само со промена на фризурата

Read more

Минал 15 километри закачен на шофершајбна од камион

Read more

Магазин

Медицинско чудо: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК

Читај повеќе
  • filter

Поглед во луксузниот дом на Џенифер Лоренс, вреден 10 милиони долари

Читај повеќе
  • filter

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои најлесно ги освојуваат женските срца

Читај повеќе

Во Канада за една година 25.000 обиди за самоубиство

Читај повеќе

Пет грешки во сексот поради кои изгледате како почетник

Читај повеќе
  • play_arrow

Здрав предизвик: Како да ја убиете зависноста од шеќер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Петгодишно момче пливаше со најголемата ајкула во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 локации во Шпанија кои мора да се посетат

Читај повеќе