Натпросечното топло време ќе се задржи до сабота, по што метеоролозите најавуваат намалување на дневните темпратури за 6 до 8 степени.
Утре максималната температура ќе се движи од 14 до 20, задутре од 15 до 20 степени, во сабота од 15 до 23 степени, во недела ќе се спуштат дневните температури и ќе се движат од 8 до 16 степени, во понеделник од 7 до 13 и во вторник од 7 до 14 степени.
Од УХМР информираат дека продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.