До утре ќе се знае дали ќе има нови рестриктивни мерки против COVID-19

Комисијата за заразни болести најдоцна до утре ќе одлучи дали ќе предложи враќање на рестриктивните мерки за време на продолжениот викенд, пред христијанскиот празник Духовден.

– Одлуката ќе ја донесеме во следните неколку денови, сигурно до четврток, имајќи предвид дека и в петок има празник, кога може да се случи граѓаните да не ги почитуваат превентивните мерки. Во однос на тоа како ќе се изведе, сигурно добро ќе се разгледаат регионите, па потоа ќе разговараме со одговорни лица во МВР, кои што евентуално би го организирале сето тоа. До четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се организира движењето во текот на викендот, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој упати пораки до граѓаните дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминувањето на оваа состојба и уште еднаш упати апел да се почитуваат превентивните мерки-носење маска, држење дистанца и често миење раце.

Министерот Филипче потенцира дека нашиот здравствен систем има капацитет да се справи со новиот бран на болеста.

– Има суштинска разлика меѓу првиот и овој бран.Тогаш, не знаевме што може да очекуваме, не знаевме колку може да се прошири вирусот, имаше многу непознати и за самиот вирус не знаевме колку може да го оптовари здравствениот систем, истакна Филипче, кој потенцира дека сега точно знаат што се случува.

Во однос на новозаразените во Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека во тој град се затворени шесте конфекции, дадени се 55 решенија за самоизолација, а во текот на следните денови ќе се тестираат вкупно околу 600 вработени. Досега се направени 100 тестирања.

Во Тетово се издадени осум решенија за позитивно дијагностицирани пациенти, 54 за нивни контакти и има информации за еден нов кластер, еден позитивен со решение за самоизолација, а се прават анкети на 40 вработени. Се работи за правен субјект во Тетово, информира министерот Филипче.

Во однос на активностите на други места, тој посочи дека од вчера има 12 позитивни регистрирани од кумановскиот Центар за јавно здравје, од кои 11 се од Липково. Во однос на Липково, Чаир и Студеничани, Филипче истака дека дијагностицираните се во рамки на десет семејства.

– Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства, и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација, и се тестира согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите, додаде Филипче.

Меѓу новозаразените  е и полицаец од пограничната полиција, кој бил на должност на јужната граница на нашата држава, по враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен на коронавирусот.

Завчера биле направени анкети на триесетина странски полицајци на јужната граница и 30 наши, кои биле во контакт со полицаецот кој заминал. Анкетите се завршени и издадени се решенија за изолација.

Според Филипче, огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација и се тестира, согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите.

Позитивни на COVID-19 две штитенички и тројца вработени во објекти на дом за стари лица во Ченто и Кадино.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека на состанок, претставници од Фудбалската федерација на Македонија и членовите на Комисијата за заразни болести донеле одлука да се тестираат сите спортисти пред почетокот на сезона, како и лицата кои се инволвирани во тренинзите.

Тој посочи дека донеле одлука да почнат индивидуалните спортови како тенис, а во однос на тестирањата за групните спортови, истакна дека тоа е договорено на официјалниот состанок на Федерацијата и Комисијата за заразни болести.

Министерството за здравство информираше дека вчера биле дијагностицирани 76 случаи позитивни со коронавирус, еден починат и 26 оздравени. Вкупната бројка на дијагностицирани се искачи на 2.391.

Од направени 885 тестирања, вчера беа регистрирани 76 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.

Во ГОБ „8 Cептември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе