iOS 16 денеска пристигнува за корисниците на Apple iPhone, а платформата имплементира голем број нови функции.
Ажурирањето е достапно за iPhone 8 и понови модели, а за да инсталирате iOS 16 кога ќе се објави ажурирањето, отворете ја апликацијата Settings на вашиот iPhone и изберете General → Software Update.
Списокот на некои од најкорисните функции на iOS 16 ги вклучува следните карактеристики:
Сигурно најважната карактеристика, која пристигнува со новата верзија на iOS, е можноста за прилагодување на заклучениот екран (Lock Screen). Ова може да се направи со повеќеслојни позадини, виџети, прилагодени фонтови за датум и време и многу повеќе. Исто така, можно е да изберете фотографии што ќе се менуваат на заклучениот екран во текот на денот.
Новата Lock Screen галерија прикажува низа опции за заклучување на екранот, вклучувајќи ја и новата позадина за временска прогноза и лесно префрлање помеѓу вашите омилени дизајни за заклучен екран.
Новата верзија на iOS носи можност за привремено уредување или „неиспраќање“ на iMessage, како и опција за означување на пораката како непрочитана откако ќе се отвори.
Корисниците имаат можност да уредуваат iMessage 15 минути по испраќањето порака, а дозволени се до пет уредувања по порака.
iOS 16 го враќа музичкиот плеер на цел екран на заклучениот екран, со голем омот на албумот и соодветна боја на позадината.
Уредите iPhone имаат поддршка за голем број Bluetooth контролери за играње на iOS 16, вклучувајќи ги и Nintendo Switch Joy-Cons и Pro контролерот, СО iOS 16, гејмерите можат да ги користат левиот или десниот Joy-Cons или и двата како единствен контролер.
iPhone веќе поддржува PS5 DualSense и Xbox Series X контролери, од iOS 14.5 и подоцнежните верзии на платформата.
Други интересни карактеристики на iOS 16 вклучуваат: следење на нарачки на Apple Pay, полесно управување со апликацијата Fitness, подобрен live text што им овозможува на корисниците да копираат текст од фотографија или видео, нови опции за режимот Focus, нова News апликација и друго.
Кога станува збор за компатибилноста, iOS 16 е достапен за сите модели на iPhone од серијата iPhone 8 до најновата серија iPhone 14.