Доаѓа конкуренцијата на најмоќните Qualcomm Snapdragon чипови

MediaTek Dimensity 9200 е создаден во 4-нанометарскиот производствен процес на TSMC и ја користи архитектурата ARMv9. Користи Arm Cortex-X3 како примарно јадро и има графички процесор ARM Immortalis-G715 со ray tracing поддршка.

MediaTek го претстави Dimensity 9200, чипсет дизајниран за најмоќните телефони на пазарот, кој носи многу нови работи во индустријата за паметни телефони. Имено, се работи за SoC базиран на архитектурата ARMv9, која се базира на втората генерација на 4-нанометарскиот производствен процес на TSMC.

Dimensity 9200 е првиот чипсет што користи основно јадро Arm Cortex-X3 со такт на 3,05 GHz. Има и три Arm Cortex-A715 јадра за перформанси со такт од 2,85 GHz и четири Arm Cortex-A510 јадра за ефикасност од 1,8 GHz, пренесува GSM Arena.

Што се однесува до графиката, Dimensity 9200 има графички процесор ARM Immortalis-G715 со хардверски ray tracing, како и Variable Rate Shading (VRS) и ARM Fixed Rate Compression (AFRC). Секако, неопходно е да се спомене APU 690, кој носи 35 проценти подобрени перформанси во споредба со неговиот претходник. SoC, исто така, има поддршка за брза LPDDR5X RAM и складирање UFS 4.0.

Dimensity 9200 поддржува до два екрани со резолуција од 5K, со стапка на освежување од 60 Hz, WHQD екрани со стапка на освежување од 144 Hz или екрани со резолуција 1080p со брзина на освежување од дури 240 Hz. Исто така, тој е првиот SoC кој поддржува Wi-Fi 7 со пренос на податоци до 6,5 Gbps и може да се пофали со под-6GHz, mmWave 5G и Bluetooth 5.3 конекции.

Овој чипсет за заштеда на енергија ја користи технологијата „EXtreme Power Saving“ на MediaTek базирана на вештачка интелигенција, додека за обработка на фотографии има ISP 890 ISP. Првите телефони со чипот Dimensity 9200 ќе се појават на пазарот кон крајот на оваа година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Хардвер

Бирајќи го идеалниот Bluetooth звучник: 6 работи на кои треба да се внимава

Read more

Дали знаете дека USB стикот има рок на траење?

Read more

Откриени спецификациите на Pixel Tablet на Google

Read more

Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Read more
 

Гик

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Читај повеќе

Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Читај повеќе

Запознајте го најопасниот USB кабел

Читај повеќе

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Читај повеќе