Додека сите погледи се вперени во најмоќните чипови од следната генерација, во средната класа нѐ очекува вистинско изненадување.
MediaTek ќе ги претстави своите нови Dimensity чипови оваа година, а според раните информации кои ни доаѓаат од Кина, решението наменето за телефони од средна класа ќе биде доволно моќно за да обезбеди споредливи перформанси со актуелниот предводник на Qualcomm.
Не може да се каже дека сегашната понуда на премиум чипсети MediaTek се прослави на пазарот. И покрај интересната одлука да не се користат ефикасни чипови и моќта која во некои аспекти го надминува Snapdragon 8 Gen 3, Dimensity 9300 беше пронајден само во уредите на два производитела - vivo и Oppo. Постојат индикации дека ова може да се промени, имено, дека Xiaomi ќе ја користи Plus верзијата на чипот кога ќе ја лансира серијата Xiaomi 14T, но повеќе за тоа подоцна.
Водечкиот чипсет што компанијата допрва треба да го претстави е Dimensity 9400, кој се очекува да донесе 1 x Cortex-X5, 3 x Cortex-X4 и 4 x Cortex-A720 јадра, како и да биде изграден на процес на производство од 3 nm. Спецификациите допрва треба да се потврдат, но она што го знаеме е дека MediaTek веќе го има својот прв клиент, а тоа е vivo.
Меѓутоа, Dimensity 9400 нема да има лесна задача да го дофати „кремот“ на пазарот, бидејќи директно ќе треба да се бори против чипот Snapdragon 8 Gen 4, кој за првпат ќе ги донесе Oryon јадрата на паметните телефони. Тоа е сопствената технологија на Qualcomm, која го имаше своето деби во чипот Snapdragon X Elite за лаптопи - и воодушеви многу ентузијасти.
Имајќи го тоа на ум, големата шанса на тајванската компанија ќе бидат уредите од високата средна класа, за кои MediaTek ќе лансира специјален чипсет - Dimensity 8400. Што точно ќе се најде во овој чип сè уште не е познато, но според она што познатиот кинески инсајдер Digital Chat Station го објави на својот профил на Weibo, резултатите од тестот Antutu ќе достигнат од 1,7 до 1,8 милиони поени, што е на исто ниво со Snapdragon 8 Gen 3.
Се очекува производителите на телефони да издвојат околу 1.500 јуани (околу 190 евра) за Dimensity 8400 - значително поевтин од актуелниот водечки чип на Qualcomm - а Xiaomi наводно веќе е заинтересиран да го користи во уредите што ги лансира под брендот Redmi.
Едно е сигурно - нè очекува многу возбудлив период, полн со моќни, а се надеваме и достапни уреди.