Доаѓа ново Porsche, различно од сè досега

Porsche е на пресвртница.

Под притисок од електрификацијата, но и од се поизразената SUV манија, Porsche ќе мора да донесе тешки одлуки. Меѓу нив е лансирањето на нови модели, кои ќе вклучуваат нови теренци. Еден од нив е скриен зад ознаката К1.

K1 е проектен SUV со три реда седишта, што значи дека ќе седи над Cayenne. Ова за AutoNews го потврди неименуван претставник на Porsche од САД, наведувајќи дека го видел рендерот минатата година.

Друго лице кое го видело предлогот за дизајн вели дека К1 носи „нов дизајн кој е дел седан, дел кросовер“. Други изјавија дека моделот „не личи на Porsche“, со „рамен заден дел, воопшто не како Macan и Cayenne“.

Многумина претпоставуваат дека Porsche оди во насоката што веќе ја зазеде Peugeot со 408, но и Volvo со XC90 што допрва треба да пристигне. Новиот модел се очекува да користи технологија од Mission R, која вклучува систем од 920 волти и електричен мотор со ладење со масло.

Минатата година, Porsche претстави голем број концепти, вклучително и Vision Renndienst идејата за миниван, за која рече дека нема да влезе во производство, без разлика колку спортски изгледа. Миниван нема, но барем уште еден SUV очигледно ќе го направи тоа. И веројатно до 2026 година.

„Посебно таргетираме повисоки сегменти и се обидувам да реализирам нови можности за продажба“, рече Оливер Блуме, додавајќи дека доаѓа „многу спортска интерпретација на теренецот“.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе