Добивката на Audi драстично падна, А6 заминува во историјата

Звучи неверојатно, но наскоро нема да можете да купите A6 со класичен погон. Да почнеме со ред.

Групацијата Audi, која покрај Audi ги вклучува и Bentley, Ducati и Lamborghini, исто така поминува низ тешки времиња. Во текот на целата година е забележан пад на продажбата, а со тоа и драстично намалување на приходите и добивката.

Групацијата во првите 9 месеци од оваа година забележа пад на продажбата од 10,9% со најлошото сценарио – најголем пад кај Audi. „Господарот на прстените“ продаде 8,5 отсто помалку автомобили во Кина, 9,8 отсто помалку во Европа и дури 16,8 отсто помалку во Америка. Bentley на патот кон електрификација забележа минус од дури 26,8 отсто. А единствено со плус е Lamborghini.

Севкупно, Групацијата продаде 1,25 милиони возила во првите три квартали од оваа година (пред 1,4 милиони), додека приходите паднаа од 50,4 на 46,3 милијарди евра. Оперативната добивка падна од 4,6 на 2,09 милијарди евра.

Особено загрижувачки е третиот квартал, во кој добивката на Audi падна за цели 91 отсто, на само 106 милиони евра. Во Audi резултатот го оправдуваат, меѓу другото, со „реструктуирање на трошоците поради реорганизација на фабриката на Audi во Брисел“.

Иако сликата не е розова, од Audi изјавија дека ја ажурираат својата гама и претставија 15 нови модели оваа година. Тука спаѓаат A5 и Q5, кои ќе имаат „забележително влијание врз обемот во наредната година“.

Да речеме и дека класично напојуваниот A6 заминува во пензија. Секако, Audi нема да се откаже од еден од најдобрите и најпродаваните деловни седани. Следната година ќе пристигне наследник и во согласност со ревидираната номенклатура ќе ја преземе ознаката А7.

Тагови
реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Доларот конечно зајакна

Read more

Трамп Џуниор дојде во Белград, Вучиќ му печеше прасе

Read more

Авто новости

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Volkswagen и Uber ќе лансираат роботакси услуга во 2026 година

Read more

Volkswagen „на струја“ се продава повеќе од Tesla

Read more

Што е „холандски зафат“ и како спасува животи?

Read more
 

Автомобили

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Читај повеќе

Volkswagen и Uber ќе лансираат роботакси услуга во 2026 година

Читај повеќе

Volkswagen „на струја“ се продава повеќе од Tesla

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е „холандски зафат“ и како спасува животи?

Читај повеќе
  • filter

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Читај повеќе
  • filter

Porsche 911 Spirit 70: Уникатно чувство на слобода

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Читај повеќе

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Читај повеќе

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Читај повеќе