Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниту еден од преживеаните, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани. Дома и во странство се лекуваат вкупно 178 пациенти и сите се во стабилна состојба.

„Добра вест што сакаме да ја соопштиме е дека ги поминавме првите критични 72 часа, нема ниеден починат од тие што ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека од идните прес- конференции ќе зборуваме само колку пациенти си одат дома. Се третираат вкупно 178 пациенти низ различни здравствени установи. Од нив 64 се во државните болници во Македонија и 13 пациенти се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба. Во моментот 101 пациент се третира надвор од државата. Сите се во релативно стабилна состојба“, рече министерот Таравари.

Вчера лично ги посетил сите пациенти сместени во Солун и во Софија. Во Солун се петмина, во Софија деветмина. Двајца од пациентите во Софија вера биле симнати од респиратор, а уште двајца ќе бидат симнати денес.

Таравари рече дека денес ќе бидат последните трансфери на пациенти во странство. Петмина повредени ќе заминат за Шведска и веќе нема потреба од лекувања во странство.

На лекување во Бугарија се 15 пациенти, во Србија 30, во Грција 12, во Турција 9, во Унгарија 6, во Австрија 6, во Хрватска 5, во Словенија 4, во Литванија 4, во Белгија 4, во Италија 4 и во Полска 2 пациенти.

Денес од болница ќе бидат пуштени двајца од тројцата пациенти сместени во болницата во Штип, а министерот Таравари се надева дека во следните денови ќе има повеќемина кои ќе си заминуваат дома.

реклама

Македонија

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Read more

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Read more

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Read more

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе