Добредојде со овации за Новак Ѓоковиќ од публиката во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ емотивно го доживеа топлото добредојде од публиката на Род Лејвер арената во Мелбурн, каде пред стартот на Австралија Опен одигра денеска егзибициски натпревар во хуманитарни цели со домашниот тенисер Ник Кирјос. 

Сите 15.000 влезници за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Кирјос беа продадени за 58 минути. 

Ѓоковиќ, кој пред една година беше депортиран од Австралија, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, со овации беше пречекан од австралиската публика. 

„Ви благодарам многу, сега сум малку емотивен, да бидам искрен. Навистина се радував на враќањето на овој терен. Ви благодарам на сите што дојдовте“, изјави Ѓоковиќ. 

Иако резултатот беше во втор план, двајцата тенисери освоија по еден сет, кој се играше во четири освоени гемови, а победникот беше одлучен во тај – брејк во кој на Ѓоковиќ и Кирјос им се приклучија и играчи во инвалидски колички. Тимот на Кирјос на крајот славеше победа со 10-9. 

Првиот годинешен грен – слем турнир почнува в понеделник, а Ѓоковиќ, кој има девет титули на Австралија опен, во првото коло ќе игра против Роберто Кабраљес Баена. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе