Добри вести за Ноле од САД: Ќе игра и на другиот забранет Грен слем

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сигурно ќе може да се натпреварува на последниот Грен слем сезонава, УС опен, по најновите вести кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

Имено, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека од 11 мај ќе биде укината вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирус.

Токму поради вонредната состојба, ниту еден невакциниран не можеше да стапне на американско тло, вклучувајќи го и Ѓоковиќ на минатогодишниот УС опен.

Се претпоставува дека со укинувањето на вонредната состојба ќе престанат да важат сите аранжмани и обврски за вакцинација за патниците во Америка.

URL

Тоа значи спуштање на рампата и за Ѓоковиќ, кој доколку сѐ оди според планот и нема промени, сигурно ќе игра на УС опен.

Сепак, тој ќе мора да ги пропушти Мастерс турнирите претходно оваа пролет, поточно Индијан Велс и Мајами. Затоа, пак, ќе може да настапи во Синсинати.

Да потсетиме, Ѓоковиќ со победата на Австралија опен се врати на првото место на АТП листата.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Тенис

Мартина Навратилова го победи ракот на грлото и дојката

Read more

Надал првпат по 18 години не е меѓу првите десет тенисери во светот

Read more

Алкарас со триумф во Индијан Велс ќе се врати на врвот на АТП листата

Read more

Ѓоковиќ се враќа на турнирот што го нема освоено осум години

Read more
 

Спорт

Модриќ започна преговори со Реал, но и со уште два клуба

Читај повеќе

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе