Добрите дечки се подобри во секс од лошите момци

Мислите дека добрите момци се смотани и здодевни? Експертите не се согласуваат.

Девојките кои сакаат „лоши момци“ велат дека кај нив ги привлекува авантуристичкиот дух и спонтаноста, но врските со овие момчиња најчесто завршуваат со скршено срце и разочарување за девојката.

Од друга страна, добрите момци ги сметаат за здодевни, смотани, предвидливи. Експертката за врски и секс Трејси Кокс тврди дека добрите дечки се подобри во кревет од лошите момци. А тоа е само почетокот на листата предности на добрите момци.

Сексот е подобар

Истражувањата конечно го потврдија она што веќе го знаат повеќето разумни жени: добрите момци почесто уживаат во сексот отколку лошите момци. Едно неодамнешно истражување покажа дека мажите кои им помагаат на другите се попривлечни за спротивниот пол, имаат повеќе сексуални партнерки и почесто уживаат во сексот.

Добрината не значи слабост

Погрешно е врежаното мислење дека добрите момци се слабаци, па не дозволувајте тоа да ве залаже. Истражувањата покажаа дека добрите момци се подеднакво компетитивни колку и „лошите“, но се разликуваат во тоа што сакаат да им помагаат на другите и да бидат во добри односи со околината. Некои истражувања покажуваат дека браковите со добрите момци се подолготрајни, партнерите имаат поблизок однос, а исто така овие мажи се подобри татковци бидејќи имаат искрен однос со децата и генерално се задоволни од животот.

Не се здодевни

Сите оние кои мислат спротивно мешаат драматичност со љубов. Тоа што лошиот дечко ќе игра „топло-ладно“ со вас и бурно реагира на ситници, не е знак на страст, туку дека не сте компатибилни. Смиреноста е добра, не здодевна.

Имаат самодоверба

Знаете ли во што е разликата? „Лошите“ момци сметаат дека се подобри од вас и така и ве третираат. Добрите момци им се допаѓаат на сите и се пријатно друштво бидејќи имаат самодоверба и не им треба да омаловажат некого за да се чувствуваат подобро. Не се вообразени и нарцисоидни како „лошите“.

Достапни се

Пред сѐ, достапни се емоционално. Добриот дечко нема да ве лаже: ако ви каже дека нема девојка, значи нема девојка. Од друга страна, кога „лошиот“ дечко ќе ви каже дека „нема некој посебен“ во неговиот живот, тој и не лаже: девојките со кои се гледа повремено навистина не му значат ништо посебно.

Ќе бидат со вас кога ви е најтешко

„Лошите“ момци се со вас кога ним им одговара, но не сакаат обврски и „сериозни врски“, па затоа ги снемува кога сте во тешка ситуација или ви треба помош. Ве лажат за тоа каде се и со кого и за нив тоа не е ништо страшно. Затоа веднаш ќе дотрчаат кога им треба секс или емотивна поддршка, бидејќи тоа и обично го добиваат. Добрите момци ќе бидат со вас секогаш, во добро и лошо, и во обичните и во посебните моменти и ќе ви ја дадат поддршката што ви е потребна, бидејќи им значите.

реклама

Официјално отворенa Нотр Дам – дојдоа Трамп, Зеленски, Маск, Мелони...

Read more

Падна Дамаск, Асад побегнал од Сирија со авион

Read more

Навивачите во Бундеслига: Клоп е „гробар на германскиот фудбал“

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Љубов и секс

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Read more

Кои се најчувствителните ерогени зони кај мажите?

Read more

Објавен список на најпопуларни фетиши во 2024: Некој може да ве изненади

Read more

После колку време жените ја губат желбата за секс во врска?

Read more
 

Магазин

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе

Како спиењето подоцна за викенд влијае на здравјето?

Читај повеќе

Експертка ја откри вистинската локација за новогодишната елка во домот

Читај повеќе

Десерт на денот: Австрискиот кајзершмарн е сличен на палачинки

Читај повеќе