Наместо да трошите пари на скапи производи, направете си сами пилинг, со додавање на лажичка шеќер во шампонот што го користите.
Гранулите шеќер ќе направат благ пилинг и ќе ги отстранат мртвите клетки, а истовремено ќе овозможат регенераторот што го користите полесно да продре во влакната и подобро да ги хидрира.
Кога ќе ги измешате шампонот и регенераторот, направете блага масажа во траење од 3 до 4 минути за да бидете сигурни дека сите нечистотии се отстранети. Потоа измијте ја косата како што вообичаено правите.
Шеќерот ќе се стопи, па нема потреба од грижа дека ќе остане на косата. Најдобро е оваа постапка да ја повторувате меѓу секое трето и петто миење на косата.