Една необична состојка им дава на овие палачинки мекост и полн вкус. Можете да ги јадете солени или слатки, а сите што го пробале рецептот велат дека се совршени со кој било фил.
Веројатно на прва ќе ви изгледа одбивно, но додавањето мајонез при подготовката на палачинките навистина е ефективно.
За да подготвите палачинки со мајонез, потребни ви се:
- 0,5 l топла вода
- 9 лажици брашно
- 2 лажици мајонез
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- 15 g ванилин шеќер
- 2 лажици масло
- прстофат сол
Со миксер или со рака изматете ги мајонезот, јајцата, шеќерот, солта и ванилин шеќерот.
Додадете топла вода и просеано брашно. Добро измешајте, да не останат грутки и додадете масло. Оставете го тестото 20 минути да отстои.
Намачкајте ја тавата со масло, но само еднаш - на почетокот на печењето и ставете ја на средна температура.
Истурете мала количина тесто рамномерно врз тавата. Печете ги палачинките на топла тава по 1-2 минути од секоја страна.