Додатокот на плата од 3.000 денари за млади вработени до 23 години може да ја искористат 4.000 лица

Скопје, 22 ноември 2019 (МИА) – Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и со директорката на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, Билјана Јовановска,  ја промовираа оваа мерка во компанијата „Римес“.

Согласно одлуката на Владата, пристап до мерката ќе имаат младите кои се вработени со задолжително социјално осигурување кај работодавач или се самовработени во компании со претежна производствена дејност; младите кои што се вработени преку приватна агенција за вработување на работа кај работодавач со претежна производствена дејност, како и младите индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

– Оваа мерка за поддршка на стандардот на младите, вклучително со поддршката за субвенционирање на придонесите во компаниите што ќе им ги зголемат платите на младите до 23 години до 6.000 денари, значително ќе го јакне стандардот на нашите млади граѓани. Сите овие мерки, вклучувајќи ги и мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора шанси за вработување на нашите млади сограѓани, нагласи премиерот Заев.

Според него, освен како придонес за повисок животен стандард на младите, со оваа мерка им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека со воведувањето на младинскиот додаток Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во Северна Македонија, вклучувајќи ги и младите лица.

– Ако младинскиот додаток даде позитивни резултати, во иднина ќе работиме на развој и на други вакви креативни мерки со коишто ќе го стимулираме вработувањето на младите лица. Од разговорот со домаќините во оваа производствена компанија 10 отсто од вкупниот број вработени се млади луѓе и тоа е добро, рече Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска соопшти дека младинскиот додаток ќе се доделува преку Агенцијата за вработување со едноставна постапка за апликација за мерката. Таа ги повика младите вработени до 23 години во производство во Агенцијата да поднесат барање и трансакциска сметка за да може да го остварат ова право.

– Ова важи и за идните нови вработувања во производствената дејност, а целиот овој процес АВРМ ќе соработува директно со младите вработени и нема да има посредување со компаниите, рече Јовановска.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јовановска рече дека во моментов определени се 15 милиони денари за оваа мерка, која по автомартизам може да ја искористат 4000 млади вработени во производствената дејност.

– Во буџетот на Агенцијата има средства за оние кои во моментов се вработени и се предвидени дополнително за нови барања, бидејќи очекуваме нови вработувања и зголемување на бројот на регистрирани пријави на работен однос во производството, рече Јовановска.

Во вкупниот број на лица во Агенцијата евидентирани како активни баратели на работа 20 проценти се млади лица до 29 години.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе