Додатокот за трето дете не се укинува, туку се трансформира

Скопје, 9 ноември 2018 (МИА) – Правото на додаток за трето дете не се укинува, туку се трансформира во еднократна исплата за прво, второ и трето дете. Исто така, оние родители кои веќе го користат ова право ќе продолжат да го користат и во иднина, а идните родители на трето дете ќе можат да аплицираат за остварување на ова право до 10 месеци по донесувањето на новиот закон, појасни денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа додаде дека мерката трето дете е демографска, а не социјална мерка и оти сите анализи и истражувања покажале дека таа не ги дала посакуваните ефекти и не го зголемила наталитетот во Република Македонија. Пред 10 години, рече Царовска, тој изнесувал 13,3 отсто, а во 2016 – 11,1 отсто, така што издвоените средства од 2 милијарди и 600 милиони денари на годишно ниво не ги дале посакуваните резултати.

„Затоа го трансформираме како демографска политика која не ги дискриминира другите деца во однос на третото дете, туку велиме дека тој ќе важи за прво, второ и трето дете. Најважно за сите граѓани кои примаат додаток за трето дете е да се каже дека тој не се укинува и тие ќе продолжат да го остваруваат ова право како по претходниот закон, а ќе можат да го остварат правото и во наредните 10 месеци откако законот ќе биде донесен, затоа што можеби во меѓувреме зачнале или ќе зачнат во моменти на носење на законот“, истакна Царовска.

Таа не смета дека на ваков начин граѓаните ќе бидат демотивирани да раѓаат трето дете.

„Нема родител кој раѓа заради сума од 8.000 денари. Денеска ако сте примател на социјална парична помош и право на трето дете сите други права ги губите, што значи дека ќе добивате повеќе со гарантиран приход доколку се семејства во социјален ризик. Но, ако сте семејство на пример кое има 200.000 денари месечно зар вам мотив би ви биле 8.000 денари?“, рече Царовска која присуствуваше на дебата во врска со законските решенија за социјална и детска заштита што се одржа на Институтот за социјална работа и социјална политика.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе