Фудбалерите на минхенски Баерн вечерва славеа во финалниот натпревар од Лигата на шампиони против ПСЖ во Лисабон и со резултат од 0:1 станаа шампиони на Европа.
Ова е шеста титула за Баерн, кој триумфираше со голот на Кингсли Коман во 59-тата минута.
Неутешни беа фудбалерите на францускиот првак, а поразот особено тешко му падна на Нејмар.
Откако Италијанецот Даниеле Орсато го свирна крајот на натпреварот, фудбалерите на Баерн почнаа со славје, а само Давид Алаба го тешеше расплаканиот Нејмар.
Бразилецот доби утеха и од тренерот на Баерн – Ханси Флик.