Додека Европа воведува рестрикции, Москва се подготвува за прослави

Иако бројката на заразени од коронавирусот во Русија се зголемува, градоначалникот на Москва реши да го подготви градот за прослава по повод Нова година и Божик, со одредени мерки.

Ако останатите европски земји воведуваат карантини, полициски часови или работа на угостителите до одредено време, во Москва се планираниат прослави.

Сергеј Собјанин најави дека нови мерки ќе стапат во сила, но тие нема да им го одземат празничниот дух на жителите на руската престолнина бидејќи подразбираат одржување на градски прослави и новогодишни базари, само со намален капацитет.

„Со COVID-19 ќе се бориме уште долго време, но најтешкиот период би требало да заврши за некој месец. Најтешката одлука за политичките лидери не беше тоа кога да се затворат јавните објекти, туку кога повторно да се отворат. Да се укинат мерките значи дека ризикувате масовна зараза“, рече градоначалникот.

Но, Москва нема да биде воопшто без мерки. Забранети се масовни собири, а укинати се и препознатливите огромни новогодишни базари, кои, сепак, ќе бидат заменети со помали кои веќе се поставени во поголем број на повеќе локации ширум градот. Баровите, рестораните и кафулињата ќе можат да работат за време на целиот овој празничен период и тоа без рестрикции на времето, освен за новогодишната ноќ кога ќе мора да затворат во 23 часот. За влез во одредени установи на граѓаните ќе им биде потребен негативен тест не постар од три дена.

„За прв пат имаме многу поголем број на новогодишни базари во централниот дел на градот. На овој начин многу повеќе граѓани можат да си купат природна новогодишна елка“, вели Алексеј Немерјук, главен на градската управа за трговија и услуги.

Очекувано, Москва е епицентар на заразата во Русија, а таму веќе речиси 10 илјади луѓе се вакцинираа со домашната Спутник V вакцина.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Свет

Г7 подготвува мерки против Иран

Read more

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Read more

NYT тврди: Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Read more

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Read more
 

Вести

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Читај повеќе

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Читај повеќе