Свет

Додека луѓето во Северна Кореја гладуваат, Ким им пркоси на санкциите

15. август 2019 - 15:42 | Б.С.Б.

Фотографија од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објавена кон крајот на јули како следи лансирање на ракета предизвика бурна реакција во меѓународната јавност.

Благодарение на снимката објавена од државната агенција KCNA светот доби уште еден доказ дека Ким и понатаму им пркоси на меѓународните санкции против неговиот режим. На фотографијата се гледа како Ким со помош на двоглед следи воена вежба, а на неговата лева рака има часовник вреден 10.700 евра.

Тоа не би било ништо спорно доколку Обединетите Нации не забранија извоз на луксузни добра во Северна Кореја поради тестирањето нуклеарно оружје. На листата забранети производи се наоѓаат и луксузни часовници.

Но, изгледа дека севернокорејскиот лидер ништо не го запира да набави скап часовник за себе во време кога земјата се соочува со недостиг на храна поради најголемата суша во последните 35 години.

Експерти од Јужна Кореја се убедени дека Ким се почестил со Portofino Automatic, часовник вреден 10.700 евра. Ова доаѓа по неколку дена откако Северна Кореја отвори нов трговски центар во Пјонгјанг со производи на брендови како Rolex, Adidas и Dike, пркосејќи има на санкциите на Обединетите Нации.

Коментирај