Додека нашите улици се писти, уште еден европски град ја ограничува брзината на 30 км/ч

Францускиот град Лион планира напролет да го намали ограничувањето на брзината од 50 на 30 километри на час, потврди градоначалникот Грегори Дусет.

Лион на тој начин ќе им се придружи на другите големи градови во Франција, вклучувајќи ги Париз и Лил, во однос на ограничувањата на брзината.

Дусет рече дека ограничувањето од 50 километри на час ќе се задржи само на некои главни патишта. Целта на оваа промена е да се спречат сообраќајни незгоди во градот.

Од крајот на август, воведено е ново ограничување на брзината во голем дел од Париз, каде „Зоната 30“ веќе опфаќа околу 60 проценти од територијата на градот.

30 км/ч станува правило, а не исклучок

Генералното Собрание на Обединетите нации лани во август ја усвои Стокхолмската декларација со која ограничувањето од 30 км/ч го препорачува како максимално секаде каде што ранливите учесници се мешаат со возилата.

Новото ограничување на брзината од 30 км/ч важи од 1 јануари на речиси целата територија на белгиската престолнина Брисел, а Шпанија во мај годинава го намали ограничувањето на брзината за управување со автомобили во градовите од 50 на 30 километри на час за да го намали бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи.

Во 2020 година, шпански Билбао стана првиот поголем град во светот (со над 300.000 жители) што воведе единствено ограничување на брзината од 30 км/ч во урбаните подрачја.

20 километри на час помалку спасуваат животи

Повеќето градови имаат општо ограничување на брзината од 50 км/ч. Намалувањето до 30 км/ч ја подобрува безбедноста, особено за ранливите учесници во сообраќајот.

Пешаците имаат дури 90 проценти шанси за преживување доколку ги удри автомобил што вози со брзина од 30 км/ч. Доколку автомобилот вози со брзина од 50 км/ч, шансите се намалуваат на 50%.

Ограничувањата на брзината придонесуваат за безбедност на многу начини. Ако возите со помала брзина, растојанието за запирање е помало, видното поле на возачот е пошироко и имаме повеќе време да реагираме во случај на опасност.

Ефикасноста на воведувањето на ограничувањето од 30 км/ч може да се види во примерот на Хелсинки. Поголемиот дел од центарот на градот во моментов е во зоната на брзина 30, а инфраструктурата влијае и на побавно возење, на пр. легнати полицајци, подигнати пешачки премини и кружни текови.

Резултат - минатата година во главниот град на Финска не загина ниту еден пешак или велосипедист.

Кога и кај нас?

Граѓанската иницијатива На точак, група ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје преку активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство, тогаш се огласи по ова прашање и потсети дека „е време да го промениме и нашиот Закон за безбедност во сообраќајот“.

„Во превод, тоа значи дека ‘дифолтното’ ограничување во населени места не треба да биде веќе 50 км/ч, туку 30 км/ч за сите улици, а да добијат можност за 50 км/ч само оние улици кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска и колска инфраструктура. Не да се тргнува од 50 км/ч дифолтно, па да се бориме некои улици да бидат со 30 км/ч, туку да се тргне од 30 км/ч, па да видиме кои улици заслужуваат 50 км/ч. Многу логично!“, велат од #НаТочак.

Членовите на #НаТочак досега реагирале против праксата на „автоцентрични“ улици што е честа кај нас.

„Автопатски писти за развивање 100-ка и опасност по животи не се вест за фалење во 21-ви век. Патна диета, безбедност во сообраќај, обезбедување велосипедско решение (дали како патека или како лента), облагородување на пешачки простор, обезбедување пристапност за лица со посебни потреби итн. треба да бидат правило при реконструкции, не исклучок!“, објавија тие лани во октомври, по веста за реконструирањето на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во скопската населба Аеродром кое според нив фокусот го става на автомобилите, а ги занемарува пешаците и велосипедистите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе