Додека неговите соиграчи со ремито на гостувањето кај Стразбур ја обезбедија титулата, а подоцна ја славеа, Нејмар имаше „попаметна“ работа.

Бразилската суперѕвезда остана во Париз затоа што бил „претешко повреден за да отпатува во Стразбур“, изјави тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтје, а времето всушност го поминал играјќи покер.
За тоа отпатува во Монако каде ја следеше трката во Формула 1. Навивачите на ПСЖ се бесни бидејќи на социјалните мрежи виделе фотографии од Нејмар во двете изданија. Многумина од нив сметаат дека покажал големо непочитување кон нивниот клуб.
Дека приказната за неможноста на Нејмар да патува поради повреда не држи вода докажува и фактот што растојанието од Париз до Стразбур е 400 километри, а Монако е оддалечен дури 670 километри од главниот град на Франција.