Додека Трамп и Ердоган се караат, Путин може да искористи историска шанса

Трговската војна на САД и Турција што ја зафати и вредноста на лирата е всушност историска шанса за рускиот претседател Владимир Путин.

Според „Bloomberg“, ова е идеална прилика Путин да се обиде да ги сврти геополитичките движења во своја корист и да добие нови сојузници. Сепак не е сѐ така едноставно.

Иако Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги подобрија односите, лидерот на Кремљ има малку да понуди за да ја ублажи економсата болка на Анкара или за да ја убеди втората најбројна воена сила во НАТО да излезе одсојузот и да ѝ се приближи на Москва.

„Односите со Турција се прилично конструктивни. Но, во политиката ништо не е засекогаш и сѐ може да се смени“, вели Франц Клинцевич, член на Одборот за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент.

„Ние не градиме илузии.“

Турција беше важен играч против Советскиот сојуз за време на Студената војна. Има американска авиобаза, а во Црното Море има американски борбени бродови. Поради новите санкции, Ердоган предупреди дека неколкудецениската алијанса е во опасност и дека можно е Турција да почне да бара нови сојузници и пријатели.

Како што се влошуваше кризата со вредноста на турската лира, Ердоган веднаш телефонски разговараше со Путин, главно за „трговска и економска соработка“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера ја заврши дводневната посета на Турција што подразбираше разговори за судирите во Сирија и во Украина, како и за економски проекти, како гасовод и нуклеарна електрана.

Путин му рече на Ердоган дека Русија и Турција „се на иста страна“, а лани се согласија да ги укинат повеќето трговски санкции што беа наметнати откако Путин ја обвини Турција дека ѝ забила „нож во грб“ по падот на рускиот борбен авион во близина на сириската граница. Останаа ограничувањата за увоз на турските домати.

Економската ранливост на Турција значи дека американскиот претседател Доналд Трамп „најверојатно ќе победи“, напиша на неговиот Twitter профил Дмитриј Тренин, политички аналитичар и историчар.

„Ердоган нема да излезе од НАТО. Меѓутоа, пристапот на Трамп кој сојузниците ќе има огромни последици во обликувањето на светскиот поредок.“

Тензиите дополнително беа подгреани со одлуката на Трамп да воведе санкции против Турција и двојно да ги зголеми тарифите за челик и алуминиум. Исто така, предупреди дека ќе биде тешко да се подобрат односите ако Ердоган купи ракетен систем S-400 од Русија.

Ердоган пак, најави дека тоа е алтернатива и неколку пати за Путин рече „мојот пријател“, со благодарност до Русија што ја забрзува продажбата на S-400.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе