Свет

Додека во Америка го очекуваат ураганот Флоренс, на Европа ѝ се заканува тропско невреме

14. септември 2018 - 15:21 | М.Д.

Како што пренесува метеоролошката страница „Severe Weather Europe“, постои голема веројатност дека тропско невреме ќе ја зафати Европа, поточно Ирска.

Станува збор за тропско невреме, кое се создаде кога ослаби ураганот Хелене и се категоризираше како тропско невреме, со максимална брзина на ветерот од 105 километри на час.

Ако можеме да судиме според правецот на движење на ова тропско невреме, тоа во саботата би требало да се упати кон Азора, а тогаш веројатно ќе ја зафати и Велика Британија, поточно Ирска.

Метеоролошките модели, предвидуваат дека и понатаму ќе станува збор за силно тропско невреме, во моментот кога ќе ја зафати Западна Европа.

Дали ќе стигне до Ирска?

Според пишувањата на „Severe Weather Europe“, се предвидува дека остатоци од Ураганот Хелене ќе стигнат до западна Европа, односно Ирска во понеделник доцна попладне или навечер.

Ако се следи движењето на ова невреме во последните 24 часа, може да се воочи дека се однесува конзистентно со моделот кој го предвидува таквото движење.

Во следните 48 часа се очекува транзиција на тропското невреме во циклон, а моделите сугерираат дека после поминувањето покрај Азора, невремето ќе продолжи кон Велика Британија и Ирска, при што би требало да биде проследено со ветар со брзина поголема од 100 километри на час.

Коментирај