Додека закрепнуваше во Берлин, во Русија сè му запленија

Б.С.Б.
/ 24.09.2020 / 19:33

Банкарската сметка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е замрзната, а неговиот стан во Москва е запленет поради судска парница, вели неговата портпаролка Кира Јармиш.

Сето ова се случи додека Навални закрепнуваше во берлинска болница, поради труење со нервен гас.

„Ова значи дека Навални не може да го продаде, донира или стави под хипотека станот“, вели Јармиш во видеоснимка објавена на Twitter, пренесе Reuters.

Имотот на Навални е одземен на 27 август поради судска парница што ја има со школска кетеринг компанија. Судот во Русија минатата година во октомври донесе одлука Навални и неговите соработници да платат отштета од 1,4 милиони долари за клеветење на школска кетеринг компанија, бидејќи во едно видео го довеле во прашање квалитетот на храната што ја прави таа компанија.

Минатиот месец Навални беше префрлен од Русија во Германија поради здравствени проблеми предизвикани од труење со Новичок.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе