Доделена државната награда „11 Октомври“

Скопје, 11 октомври 2019 (МИА) – На академик Љупчо Коцарев, научен работник, на актерот Петар Мирчевски и на писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски денеска во Собранието на Република Северна Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“. Наградата Коцарев ја доби за животно дело во областа на науката, а Мирчевски и Дурацоски за животно дело во областа на културата и уметноста.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, која е највисоко признание за животно дело. На добитниците наградата им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓоргиев.

Од име на добитниците пред присутните се обрати Коцарев, кој се заблагодари за наградата и рече дека реформите во образованието се толкуваат многу повеќе како средство за постигнување определени економски и политички цели, отколку како механизам за негување на демократските општествени односи, промоција на граѓанското општество, интелектуалноста и колективниот одговор на глобалните кризи, што се длабоко вкоренети во нашите економски, социјални и политички системи.

– Овие реформи имаат тенденција да ја намалат вредноста и значењето на уметностите, хуманистичките и општествените науки, како и општествено ангажираните форми на настава и учење во корист на стандардизираните и испишани наставни програми насочени кон создавање усогласени работници, рече Коцарев.

Потрагата по одговорите поврзани со нашите приоритети, потенцира, треба да започне токму од секторите образование и наука.

– Рамките во кои треба да се постават реформите во овие сектори се јасни. Ќе зависат од тоа дали ќе собереме сили да ги реализираме што поскоро овие реформи, а во тоа сум повеќе од убеден, условите за живот и благосостојбата на граѓаните во нашето општество. На прашањето „Каде одиме? Quo vadis?“, Исус одговорил „Одам во Рим за повторно да бидам распнат“. За да не бидеме „распнати“, нас ни треба образование и наука, додаде Коцарев.

На доделувањето на државната награда присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменици министри, пратеници, уметници, академици, актери…

Премиерот Заев по доделувањето на наградата изјави дека денеска се одбележуваат 78 години од почетокот на нашата борба, дигајќи се преку востание за слободна независна самостојна Република Македонија тогаш, сега Република Северна Македонија.

– Сакам да ја искористам можноста да им го честитам големиот празник на сите наши граѓани и да посакам вечна да ни е слободата, да ја негуваме, да ја надградуваме, да расте, за да ни биде и животот попријатен, додаде Заев.

реклама

Пандемијата ќе биде под контрола за четири до осум недели ако сите почнат да носат маска  - веднаш

Read more

Низ фотографии: Мелбурн под целосен карантин

Read more

Kривична против градоначалникот на Боговиње за „несовесно работење во службата“

Read more

Шест трикови како да научите да читате говор на тело

Read more

Македонија

Почна трката за формирање Влада

Read more

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против COVID-19 во Охрид

Read more

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови

Read more

До крајот на неделава нестабилно со локални поројни врнежи

Read more

Вести

Почна трката за формирање Влада

Читај повеќе

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против COVID-19 во Охрид

Читај повеќе

Во експлозијата во Бејрут загинаа повеќе од 100 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Читај повеќе

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови

Читај повеќе

До крајот на неделава нестабилно со локални поројни врнежи

Читај повеќе

Kривична против градоначалникот на Боговиње за „несовесно работење во службата“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Силна експлозија во Бејрут, десет загинати, стотици повредени

Читај повеќе

ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за парламентарните избори 2020

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе