Доделена наградата „SUV на годината во Македонија” на BMW X1 во Александар Палас

На свеченото доделување на наградите #Автомобил на годината во Македонија" кое се одржа на 25-ти март во Хотел Александар Палас, престижната наградa „SUV на годината во Македонија” му беше доделена на новиот BMW X1. 

Националното жири го награди баварскиот теренец пред се поради новитетите кои ги нуди, истакнувајќи го фактот дека ова е прв модел со изведба на преден погон, а неговата дизел изведба на пазарот се појавува со исклучителнo конкурентна цена од 29.980 евра.

Карактеристичниот BMW X1 е автомобил каде стилските карактеристики на концептот SAV (спортско активно возило) се сретнуваат со динамиката и атлетичноста на урбаниот начин на живот. Се карактеризира со моќно дефинирана силуета со долго меѓуоскино растојание и аеродинамична форма кои го зголемуваат возачкото задоволство. Ентериерот е од високо квалитетни материјали кој подржан со интиутивниот оперативен концепт ги третира своите патници на повисоко ниво.  Идеалната комбинација на атлетски дизајн со компактни надворешни димензии, комфор, флексибилност, висока просторност и багажен простор заокружени со малата потрошувачка го прават BMW X1 идеален партнер за сите планирани патувања независно дали е во урбана или во off-road средина.

Оваа година BMW Group ја прославува својата 100 годишнина, со што признанието „SUV на годината во Македонија” претставува особена чест за импортерот М Кар кој е присутен на пазарот помалку од една година, истакна директорот Марко Јовановски. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе