ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ФРОСИНА“

Доделени и преостаните шест дијаманти од Божиновски, за дијамантите на кинематографијата

На јубилејниот коктел по повод 65 години од првиот македонски филм „Фросина“, „Божиновски часовници и накит“ ги додели и преостанатите шест дијаманти, како дел од проектот „Седум дијаманти од Божиновски, за седум дијаманти на кинематографијата“, кој се реализира во Хотел Бистро Бела Куќа , Битола во партнерство со фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“.

Шесте дијаманти  беа доделени на: овогодинешниот лауреат, добитникот на „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, режисерот Милчо Манчевски, на членовите на фестивалското жири на овогодинешното издание на „Браќа Манаки“, кинематограферите Пол Рене Ростад, Јани Петери Паси, Лука Коасин и Ерол Зубќевиќ, како и сценаристот и режисер Даријан Пејовски. 

Првиот дијамант, пак во понеделникот му беше доделен  на лауреатот Пјер Лом после неговиот мастер клас одржан во склоп на фестивалот.

„Вредноста на делата на сите овие луѓе на кои имаме чест да им го доделиме ова признание, не може да се измери ниту со скапоцени зборови, ниту со најскапоцените дијаманти затоа што мерната единица за вреднување на делата во кинематографијата припаѓа на една сосема друга димензија, каде што креативноста се живее, а не се конзумира ниту пак мери. Ние можеме само да бидеме благодарни што секоја година Битола има непроценлива можност да живее со креативната енергија на овие луѓе и тоа да ни служи како секојдневен потсетник дека културното живеење е најдобрата душевна храна“, изјави Ана Божиновска бренд менаџер во „Божиновски часовници и накит“.

Од „Божиновски часовници и накит“ истакнаа дека во рамките на своите можности ќе продолжат со постојана поддршка на културата, бидејќи како што велат тоа е единствениот начин да се избруси нашето општество и Битола, но и сите градови во  нашата земја да го добијат сјајот кој го заслужуваат. Дијамантите, се само обична симболика која треба да го воздигне ваквиот процес.

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе