Доделени наградите за најуспешните македонски атлетичари

Во вторник се одржа свеченото прогласување на најуспешните атлетичари, тренери и клубови во Македонија за постигнувањата во атлетскиот спорт во 2024 година.

Овој значаен настан е во организација на Атлетската федерација на Македонија, а беше одбележан во присуство на најдобрите и најталентирани спортски личности, како и почитувани гости како градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, голем поддржувач на атлетиката и спортот, Проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, новинари и други.

По поздравните зборови на водителот, присутните ги поздрави и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, која ја истакна успешноста на атлетиката во Македонија во изминатата 2024 година. Таа нагласи дека Македонија има бројни успеси на меѓународната сцена, со учество на Олимписките игри, Светски и Европски првенства, како и бројни рекорди поставени во различни дисциплини.

„Навистина сум среќна и горда што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот за кој што живеам, спортот кој што ме дефинираше како личност и спортот кој што сакам да го видам на највисокиот пиедестал. 2024 беше година на нови рекорди, нови таленти и извонредни спортски резултати. Им се заблагодарувам на сите македонските атлетичари кои продолжуваат да ја предводат атлетиката во регионалните и европските натпревари, што даваат тежина на самата федерација, што го уважувате спортот и сигурна сум дека заеднички ќе продолжиме да креираме една убава заедничка приказна за атлетиката. Оваа вечер е прилика да ги наградиме најуспешните во сите категории,“ истакна Војнеска Зикова во својот говор.

Признанија и награди

На денешниот настан беа доделени наградите за најуспешните атлетичари, тренери и клубови. Во различни категории, беа наградени најдобрите во младинските и сениорските категории, како и најуспешните атлетски клубови и поединци за особени придонеси во развојот на спортот.

Признанијата беа доделени во следните категории:

• Млади пионери – Тина Доневска, клуб : Работнички и Парис Златановски клуб: Куманово
• Пионери – Ева Митевска, клуб: Работнички и Дамјан Ѓоргиевски., клуб: Работнички
• Млади младинци – Лина Исени, клуб: Лириа и Брајан Авија, клуб: 7миМај
• Младинци – Mелиса Димитриоски, клуб: Дрини Старт и Владимир Битољану, клуб: Центар
• Сениори – Дрита Ислами; клуб: Работнички и Дарио Ивановски

Наградите за најуспешни атлетичари и клубови беа доделени на основа на нивните исклучителни резултати постигнати на домашни и меѓународни натпревари, вклучувајќи рекорди, освојувања медали на Балкански, Европски и Светски првенства.
Признание за најуспешен атлетски клуб за 2024 година беше доделено на Атлетски клуб Делта од Скопје. Овој клуб, кој доминираше во атлетиката на државно ниво, се истакна со 6 државни рекорди и 6 атлетичари во националниот тим.
Признанието за најдобар тренер од Европската атлетска федерација во 2024 година му беше доделено на Алим Хајредини од АК Дрини Старт за неговиот значаен придонес во развојот на атлетиката и успешната работа со атлетите.

Признание за животно дело беше доделено на Мире Ивановски, легенда на македонската атлетика и долгорочен предводник на Атлетски клуб Вардар, кој остави незаменлив траг во развојот на атлетиката во Македонија.

Свеченото прогласување заврши со заедничка слика на наградените и присутните гости.

Наградените атлетичари, тренери и клубови ќе продолжат да го носат името на Македонија на врвот во светската атлетика.

Со ова, заврши свечената програма, а Атлетската федерација на Македонија им посака успешна нова 2025 година, исполнета со нови рекорди и медали.

Честитки за сите наградени и продолжуваме да веруваме во успехот на македонската атлетика!

ПОСТИГНАТИ РЕКОРДИ ВО 2024 ГОДИНА

ЖЕНИ:

Во сениорска категорија:

10 км
Адријана Поп Арсова од АК Делта со истрчани 34,42 сек го подобри сопствениот национален рекорд на 10 км на пат, за време на трката Халк Еко Скопје Трча 10 км одржана на 12.05.2024 во Скопје.

3000 м стиплчес
Миљана Ристиќ од АК Делта го собори македонскиот рекорд на 3000 м стиплчес кој сега гласи 11 минути 58 секунди и 61 стотинка, поставен на Националното првенство за сениори на 18.05.2024.

Во младинска категорија:

Ѓуле 4 кг
Јумна Фетаху од АК 7ми Мај го собори младинскиот рекорд во ѓуле со резултат од 12,26 поставен на атлетскиот митинг во Бар, Црна Гора на 06.04.2024.

Диск 1 кг
Јумна Фетаху од АК 7ми Мај го собори младинскиот рекорд во диск со резултат од 38,44 поставен на атлетскиот митинг во Косовска Митровица на 23.03.2024.

МАЖИ:

Во сениорска категорија:

Маратон
Дарио Ивановски од АК Корранерс со резултат 02:08,26 го собори сопствениот рекорд во маратон за време на мартонот за време на интернационалниот маратон Севиља , Шпанија на 18.02.2024

Полумаратон
Дарио Ивановски од АК Корранерс со резултат 1.04,01 го собори сопствениот рекорд во полумаратон за време на полумаратонската трка на Европското првенство во Рим на 09.06.2024.

Скок во далечина во сала
Андреас Трајковски од АК Работнички со резултат 7,79м го собори сопствениот државен рекорд во сала за време на Балканското првенство во сала во Истанбул на 10.02.2024.

400 м со пречки
Јован Стојоски од АК Охрид со резултат 52,33 секудни го собори сопствениот државен рекорд на 400 м со пречки на атлетски митинг во Марибор Словенија на 19.06.2024.

Десетобој
Огнен Стефановски од АК Делта со резултат од 6.384 поени во Десетобој го собори националниот рекорд за време на Балканското првенство во Измир Турција на 26.05.2024.

Седмобој во сала
Огнен Стефановски од АК Делта со резултат од 4.353 поени во Седмобој го собори националниот рекорд во атлетскиот митинг во Белград, Србија 25.02.2024.

Скок со стап во сала
Огнен Стефановски од АК Делта со резултат од 3,65 м во скок со стап го собори националниот рекорд во атлетскиот митинг во Белград, Србија 18.02.2024.

2000 м стиплчес
Леонид Вандевски од АК Делта со резултат од 6:00,49 мин, го собори националниот рекорд на 2000 м Стиплчес на атлетскиот митинг во Пилзхаусен, Германија 05.05.2024.

4х100м штафета
Во состав: Јован Стојоски, Андреас Трајковски, Владимир Битољану и Огнен Стефановски беше соборен државниот рекорд на 26.05.2024 на Балканското првенство во Измир Турција.

Во младинска категорија:

100 м
Владимир Битољану од АК Центар со резултат 10,78 сек го собори младинскиот рекорд, за време на Купот на Македонија за сениори на 29.06.2024 во Скопје.

200 м
Владимир Битољану од АК Центар со резултат 21,64 сек го собори младинскиот рекорд, за време на Купот на Македонија за сениори на 30.06.2024 во Скопје.

Во категорија млади Младинци:

100 м
Марко Алексовски од АК Центар со резултат 10,95 сек го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на Балканското Првенство за млади младинци во Марибор, Словенија на 06.07.2024.

200 м
Марко Алексовски од АК Центар со резултат 22,29 сек го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на Купот на Македонија за младинци на 14.09.2024 во Скопје.

300 м
Марко Алексовски од АК Центар со резултат 35,12 сек го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на Купот на Македонија за пионери на 21.09.2024 во Скопје.

Скок во далечина
Брајан Авиа од АК 7ми Мај со скок од 6,94 м го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на атлетскиот митинг во Босна и Херцеговина на 17.06.2024.

Скок во височина
Брајан Авиа од АК 7ми Maj со резултат 2,01 м го собори младинскиот рекорд под 18 години, за време на атлетскиот митинг во Белград Србија на 19.01.2024.

Во категорија мионери:

400 м
Дамјан Ѓоргиевски од АК Работнички со резултат 51,89 сек го собори младинскиот рекорд под 16 години, за време на Купот на Македонија за младинци на 14.09.2024 во Скопје.

Тагови
реклама

Останати спортови

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Read more

Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг

Read more

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Read more

Фјури замина во пензија

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе