Додик бара селење на Амбасадата на БиХ во Ерусалим, Комшиќ бара признавање на Косово

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, синоќа поднесе барање да се одржи вонредна седница на Претседателството заради преместување на Амбасадата на Босна и Херцеговина од Тел Авив во Ерусалим, додека хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, побара вонредна седница со предлог Босна и Херцеговина да ја признае независноста на Косово.

Прво, Додик испрати барање за одржување вонредна седница на Претседателството на Босна и Херцеговина, со само една точка на дневниот ред – „Предлог Одлука за промена на седиштето на Амбасадата на Босна и Херцеговина во државата Израел“, објави сараевскиот портал Кликс.

Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Сефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, веќе оценија дека предлогот на Додик за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим е „популистичка“ и „нереална“. Додик побара седницата да се одржи утре во 11 часот.

Во меѓувреме, дојде барање за уште една вонредна седница на Претседателството на Босна и Херцеговина утре, во 10.45 часот, само петнаесет минути пред седницата што ја побара Милорад Додик.

Додик и Комшиќ

Од кабинетот на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, дојде барање на таа седница да се разговара за „Предлогот Одлука за признавање на Република Косово“.

Во своето барање, Додик оцени дека „суверенитетот на Израел над Ерусалим е неспорен“.

Со потпишување на документот во Вашингтон, Србија се обврза да ја премести својата амбасада во Израел во Ерусалим до јули 2021 година. Косово ќе го стори истото кога Израел ќе го признае како независна држава, се наведува во документот потпишан во петокот во Белата куќа.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе