Додик: Србите и Евреите се народи кои се обидоа целосно да ги збришат – и преживеаја

Претседателот на Република Српска Милорад Додик вчера за прв пат по пристигнувањето во Израел се огласи на социјалната мрежа Х. Да потсетиме, Додик завчера на сè уште непознат начин отпатува за Србија, по што вчера се упати кон Израел.

Како што неофицијално дознава порталот Crna Hronika, тој во колона возила го поминал граничниот премин Рача без воопшто да застане.

Откако пристигна во Израел, тој се огласи на социјалните мрежи и ги спореди Србите со Евреите.

„Започнав посета на Израел, земја чија сила, историја и решителност длабоко ги почитувам. Израел покажува дека слободата и безбедноста немаат цена и дека народот кој знае кој е - не се согласува да биде ниту цел ниту потчинет.

Како што Израел се брани без извинување, така и Република Српска го брани своето право на постоење, одлучување и зачувување на заветот на своите предци. Србите и Евреите се народи кои се обидоа целосно да ги избришат - и преживеаја. Затоа се разбираме. И затоа стоиме заедно“, напиша тој.

Граничната полиција на БиХ започна истрага за неговото нелегално преминување на границата.

реклама

Регион

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Read more

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Read more

Хрватска воведува воен рок: Има две опции за оние кои одбиваат

Read more

Како македонската Љ се најде во руски извештај за српскиот звучен топ?

Read more
 

Вести

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Читај повеќе

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Читај повеќе

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Читај повеќе

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе