Здравје

Доење: Корисно за бебето, но и за мајката

23. мај 2019 - 18:16 | А.С.

Доењето на бебето е еден од најнапорните делови од мајчинството, но предностите се многу значајни за новороденчето.

Освен што доењето е добро за бебето, одлично е и за мајката – најновите истражувања покажаа дека доењето им помага на мајките да ослабат во пределот на половината.

Во истражувањето „Исходи од бременоста и здравје во заедницата“ на Универзитетот Питсбург и Државниот универзитет Мичиген учествуваа 700 жени. Истражувачите ги следеле мајките 7 до 15 години откако се породиле.

Резултатите објавени во списанието Journal of Women's Health покажаа дека мајките кои ги доеле децата повеќе од шест месеци имале потенок струк за околу 4 сантиметри во споредба со мајките кои престанале да дојат по шест месеци или порано.

Освен тоа, мајките кои подолго доеле имале и помал обем на колковите. Истражувачите ги зеле предвид и возраста, расата и етничката припадност на испитаничките, како и компликациите во бременоста, социоекономскиот статус и факторите за здрав начин на живот.

Научниците открија дека мајките кои ги доеле своите бебиња имале помал индекс на телесна маса и понизок крвен притиок. Причината за тоа е што мајките кои дојат се посвесни за тоа колку е битно здраво да се исхрануваат за да обезбедат здраво млеко за бебето.

Коментирај