Договор на лидерите на ЕУ за посилни мерки за борба против економската криза предизвикана од Covid-19

Брисел, 27 март 2020 (МИА) – Лидерите на 27 земји од Европската унија се согласија, под притисок на Италија, да им наложат на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната во рок од две недели да дефинираат посилни мерки за решавање на економската криза и очекуваната рецесија.

На шестчасовниот видеосамит синоќа, лидерите на ЕУ, исто така, ја повикаа Европската комисија да изготви стратегија за ревитализација на економиите на земјите-членки за време на вонредна состојба поради пандемијата на новиот коронавирус.

Во заедничката изјава од самитот, лидерите нагласуваат дека новите економски „предлози треба да ја земат предвид природата на шокот без преседан, поради коронавирусот што ги погоди сите држави “.

„Ние сме целосно свесни за тежината на социоекономските последици од кризата предизвикана од вирусот и ќе сториме сѐ што е неопходно за да одговориме на овој предизвик во духот на солидарноста“, се вели во соопштението.

„Ова е потребно реагирање со иновативни и целосно адекватни финансиски инструменти на војна во која мора да се бориме заедно за да ја добиеме што е можно поскоро“, предупреди Конте на самитот.

Италија, која има најголем долг по Грција во 19-те членки на еврозоната, очекува поголема финансиска солидарност од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави по самитот дека сегашната криза е единствена и бара „многу силен одговор“.

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, вети на почетокот на самитот дека ќе бара усвојување „вонредни мерки за одговор“ на кризата.

Сепак, идејата за издавање заеднички европски обврзници за поддршка на економијата, односно здружување на долгот на земјите од Еврозоната, не е поддржана од сите членки, а најмногу се спротивставуваат на Германија и Холандија.

Девет држави членки на ЕУ бараат итно издавање на т.н. „корона обврзници“, заедничко задолжување кое би го поддржале сите земји од еврозоната. Ова исто така ќе им овозможи на повеќето финансиски погодени држави да позајмуваат по исклучително ниски каматни стапки.

Сепак, идејата е неприфатлива за земји како Германија и Холандија, кои долго време се спротивставуваа на заедничкото задолжување.

Германската канцеларка Ангела Меркел по крајот на самитот, се спротистави на „корона обврзниците“ и беше поддржана од холандскиот премиер Марк Руте.

-Не можам да ги замислам околностите што можат да нѐ натераат да се премислиме, нагласи Руте.

Иако лидерите на ЕУ ја потврдуваат големината на кризата и потребата да се поддржи Италија, тие исто така се поделени околу тоа дали да ги користат сите можни економски средства сега или да ги зачуваат за подоцна во случај на втор бран на инфекции со Covid-19. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе