Договор нема, дијалогот продолжува - нема компромис за стратешките цели и амнестијата

Скопје, 20 јули 2018 (МИА) - Лидерската средба во скратен формат, во состав на претседателите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами, продолжува в недела навечер или понеделник наутро.

Лидерите на четирите партии ќе се обидат да ги испеглаат разлики и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум, кој треба да се одржи наесен, а чија евентуална можна формулација ја соопшти завчера Заев  - Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.

Учесниците на вчерашната лидерска средба не постигнаа договор, но како што изјавија по завршувањето на состанокот за некои прашања се приближиле, но за некои имало потешкотии во изнаоѓање заеднички став.

Заев потенцира дека компромиси не може да се прават околу стратешките цели на Македонија - влез во ЕУ и НАТО и за амнестијата, додека Мицкоски побара европско однесување не само на зборови, туку со дела.

- Стратешки цели на Република Македонија и на сите парламентарни партии се полноправното членство во ЕУ и НАТО. Компромиси нема за стратешките цели на РМ. Амнестија директна или индиректна нема. Ќе му дадеме шанса на дијалогот и разговорот се додека тоа е возможно, порача Заев.

Тој истакна дека им дава шанса на лидерските средби да доведат до решение, кое што ќе значи успешен референдум како процес кој води кон тоа Македонија да стане членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ со отворање на поглавјата во јуни 2019 година.

Мицкоски по завршувањето на лидерската во изјава пред новинарите нагласи дека е разговарано за теми кои веќе и се познати на јавноста, а се дел од преговорите од март-април.

 - Ја користам оваа прилика да кажам определен мој впечаток којшто не се темели на чувства, туку на заложби на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се вистинските европски вредности и принципи, а не само декларативни заложби. Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи така треба и да се однесуваме и истите заложби да ги применуваме во дело. Тоа подразбира почитување на законите и на Уставот и да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните односно да се поставуваат повеќесмислени прашања за круцијални теми за кои ние како граѓани сме загрижени за иднината на оваа држава, посочи Мицкоски.

Изрази оптимизам, нагласувајќи дека за дел од темите има напредок, но додаде дека генерално се се ограничува до моментот на формирање на составот на ДИК.

Претседателот на ДУИ  Ахмети по средбата изјави дека постојат  разлики, но тие треба да се надминат во интерес на евроинтеграциите.

- Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница за имплементација на договор којшто е постигнат со грчката страна. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува наредните денови да продолжат разговорите и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса, рече Ахмети.

Лидерот на БЕСА Билал Касами нагласи дека ќе придонесат преговорите да завршат со договор меѓу партиите за да се формира ДИК и да има успешен и добро организиран референдум. 

Разговорите продолжуваат, а учесниците на средбата не изнесоа повеќе детали во однос на тоа за кои прашања постои приближување, а за кои разидување, а како што напомена Заев за деталите јавноста ќе ја информира, откако работите ќе станат појасни, со цел да на му наштети на процесот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе