Регион

Дојава за поставена бомба во авион на аеродромот во Белград

18. јули 2019 - 9:50 | МИА
Белград, 18 јули 2019 (МИА) – На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е испратена специјална полициска екипа поради дојава дека во еден авион има поставено бомба, пишува „Вечерње новости“.

Веста е потврдена и за Радио телевизија Србија.

„Новости“ дознава дека од авион на „Луфтханза“, кој бил подготвен за лет кон Франкфурт, утрово се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот поради дојава дека во леталото е поставена експлозивна направа. 

Коментирај