Дојче Телеком и Били Ајлиш го слават дигиталниот оптимизам на Генерацијата Z

  • #WhatWeDoNext – платформа за млади за креирање подобра иднина преку технологијата
  • Кампањата почнува на 12 август, Меѓународниот ден на младите на ОН со универзална порака за дигитален оптимизам
  • Партнерството на Дојче Телеком и Били Ајлиш посочува на потенцијалот на новата генерација да ја користи технологијата за добро

Дојче Телеком заедно со петкратната ГРЕМИ добитничка Били Ајлиш, го слави позитивното влијание на технологијата во времето на Генерацијата Z, генерација на млади кои имаат моќ и потенцијал да креираат подобра иднина. #WhatWeDoNext кампањата почнува на 12 август, Меѓународниот ден на младите на ОН со фокус на првата генерација која ја користи технологијата не само за свој бенефит туку за доброто на целото општество.

„Сите имаме потенцијал позитивно да влијаеме на нашата планета, и, се надевам дека нашата генерација ќе ги искористи своите платформи преку соработка и комуникација  да направи вистинска разлика“, вели Били Ајлиш.

Дојче Телеком верува дека доживувањата се за споделување. Сега, повеќе од кога било претходно, еднаквата вклученост на сите во општествениот, економскиот и културниот живот е главен фокус на брендот. Со #WhatWeDoNext на младите луѓе им се дава глас и платформа  да покажат како ја користат моќта на технологијата за да направат вистинска разлика. Оваа генерација има неверојатен потенцијал да нè води кон новата иднина, затоа со #WhatWeDoNext се пренесува универзална порака за дигитален оптимизам.

Според истражувањето што го спроведе Дојче Телеком, младите Европејци на возраст од 16-26 години изразуваат високо ниво на оптимизам во однос на потенцијалот којшто го нуди технологијата. По проблемите што произлегоа од ковид-19, 93% од припадниците на Генерацијата Z во Европа сметаат дека технологијата може да биде корисна алатка за учење и образование. 86% сметаат дека таа им овозможува да се поврзат со онлајн заедниците врз основа на заедничките интереси. 90% сметаат дека вклучувањето на младите луѓе е клучен фактор во градењето на подобра иднина, а 75% сметаат дека на социјалните медиуми наоѓаат поддршка во бранењето на она во коешто веруваат.

Меѓународната кампања започнува денес со проекција на филм со Били Ајлиш и претставници на Генерацијата Z коишто споделуваат вистински инспиративни приказни. Во филмот гледаме како претставниците на оваа генерација се борат со негативните перцепции кои постојат за нивното користење на технологијата и како тие, сосем спротивно,  ја користат технологија за да направат позитивни промени, преку кампањи против климатските промени, застапување еднаквост, креативност, па дури и сајбер безбедност.

Филмот којшто го оспорува мислењето дека тие се опседнати со екрани и ништо повеќе, го означува почетокот на мисијата на Дојче Телеком за поддршка на оваа генерација во борбата да го најде своето место во новиот свет. Преку својата многу успешна музичка платформа, Telekom Electronic Beats, Дојче Телеком ќе продолжи да го истражува #WhatWeDoNext, на тој начин овозможувајќи ѝ на Генерацијата Z платформа за активно учество во дискусијата.

За да го погледнете филмот и да добиете повеќе информации за кампањата, одете на: www.telekom.mk/whatwedonext

Дополнителни информации за медиумите можете да најдете на:

www.telekom.com/en/company/topic-specials/special-corona

www.electronicbeats.net/

www.instagram.com/electronicbeats/

www.facebook.com/ElectronicBeats/

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе
  • filter

20 април 1945, Советите го нападнале Берлин

Читај повеќе